натална карта на Елена Георгиева

објавено од Атанасоски Симеон 2003-2004

Елена Георгиева

elena-georgieva-foto-natalna-karta

Месечина Бик Сонце Риби Подзнак Рак

Џотиш –Индиска астрологија

Романтичност,Пожртвованост и Сензибилност!

Елена Георгиева е родена под влијание на месечината во Бик или по индиски Вришабха , додека среќната ѕвезда на раѓање е Рохини - чиј владател е Месечината.

Рохини среќната ѕвезда на Елена Георгиева е представена како двоколка или кола со запрега,Поволна ѕвезда која дава просперитет во животот и успех на луѓето кои соработуваат со нејзе.Второто име за Рохини е Сурави или небесна крава,што дава изобилие и благодет на својата околина. Рохини е четврта по ред накшатра со благонаклоно влијание.Ги представува земните желби или Камана.Спој е на зборот Арохана(да се воздигне) и Абарохана(да се спусти).Ја персонифицира состојбата на духот кој се спушта и крева над материјалната егзистенција.Единствен мотив е постигнување на среќата за себе и својата околина!Поврзана е со црвена боја и убавите парфеми!

Психологија да се качува,да се планира,да промовира,да се искачи над другите,да биде рекламирана,да помага,да дава развој,да засадува и размножува,дава понекојпат воспаленија на грло,зголемен тироид,болести со долна вилица или жлезди Негативните влијание се спорост во одлуки,одредена наивност во младоста и лојалност на луѓе кои незаслужуваат доверба ***

Подзнакот Рак ,кај Елена Георгиева ја нагласува нејзината емотивна и сочувствителна природа и мајчинските чувства да ги заштитува лицата кои ги сака и цени.Нејзините квалитети се поврзуваат со земниот знак Бик каде е сместена нејзината месечина.Бикот најчесто е поврзан со грлото и гласот ,а кај Елена тоа е директно поврзано со нејзината професија.Својата кариера ја гради систематски и внимателно.Во теоријата на индиската астрологија позната како Џотиш, се советува Бикот како емотивен и сензибилен знак,да одбере професија поврзана со музика, дизајн, уметност, трговија и слично за да постигне максимални успеси во животот.Значи,нејзината професионална определба коректно ја избрала.Нејзината личност е цврста и одлучна ,која знае што сака.Стрплив темрерамент ,верна и лојална и најдобро соработува со земните знаци Јарец и Бик и водените Риби,Скорпија и Рак.

Сончевиот знак Риби во наталната карта на Елена е сместено во интуитивниот и пожртвуван зодијачки знак на Рибите,а во секторот на странство,татко и духовност и религија(дарма).Од разговор со нејзе произлезе нејзината длабока заинтересираност за спиритуелното и духовното ,која за жал не наоѓала соодветен третман кај некои луѓе од јавниот живот кои мислеле дека „помодно“ се интересира за спиритуелното.Тоа не е точно!Рибата е знак на жртва во зодијакот(Христос),а бидејќи сака да им угоди на „сите“,луѓето ја злоупотребуваат нејзината сомилозлива природа.Нејзината кармичка активност е поврзана со нејзиниот татко од една страна и развој кон спиритуелното и духовното.Тоа подразбира, да во еден период од нејзиниот живот,застапува спиритуално учење ,но и да го пренесува на другите.Деветиот сектор е поврзан со странство ,а тоа подразбира патување и настапи надвор од родниот град и република Македонија.Најсилна планета во нејзиниот натална карта е марс,кој се јавува како Јога карака а силно е сместен во своето седиште во скорпија формирајки ја кралската позиција на Ручака јога.Оваа планетарна позиција е поволна и дава афирмативност, популарност победничка природа и склучување договори со странци. Успесите ќе ги постигнува секоја година во месеците после септември, декември до март,и покани за гостувања во летниот пеериод.Треба да внимава околу мај и ноември кога енергијата и опаѓа!Се советува „поумерен“ живот и природна исхрана,со физичка активност во овој период. Успеси и признанија: во 2004 посебни успеси во јули-август и декември 2004 ,што говори дека ќе биде присатна при доделување награди и признанија за нејзина песна или музичко остварување, успешна промоција на нејзин нов договор или проект есен 2004 јануари-март 2005 покани за гостувања во странство