Егејот го стресе силен земјотрес преку 6 по Рихтерова скала

мапа на земјотрес во грција камариотиса 6.4 рихтер

По извештајот на УСГС ,силен земјотрес преку 6.4 по рихтер(6.9 најнова вест) утрово го потресе регионот на 18км јужно од Камариотиса Грција.Длабочината на земјотресот била околу 10-тиот километар, а епицентарот бил помеѓу самотраки и Лемнос.Се јавува за оштетувања и повреда на едно лице,Турција,Израел и Јордан се регии кои најсилно го почувствувале овој земјотрес,а помал магнитуда забележана е и во Македонија ,пред се Струмица и поблискиот регион:Сепак тоа допринело да денес 24мај2014,вознемирени граѓани околу 11 и 40 минути излезат од своите домови(пред се струмичко),кога е забележана магитуда од 5.7 по меркалиевата скала.Земјотресот е со „патека на движење“ запад-исток кон Турција,со намалување на интензитетот после највисоката магнитуда.

 

Comments

благ земјотрес во Скопје 3.5 степени по Рихтер

недела 25 мај 2014 во 23часот 8 минути регистриран потрес северно од Скопје со магнитуда од 3.5 до 3.7 степени по рихтер.Епицентарот бил на линија Радуша-Бањани,а длабочина околу 4км.

земјјотрес од 6.9 Егејскиот дел на Грција

Последна вест од американскиот гео институт јавува за магнитуда од 6.9 степени по Рихтер јужно од Камариотиса.Епицентарот на земјотресот е на:

19km (12милји) S of Kamariotissa, Greece
70km (43милји) SSW of Alexandroupolis, Greece
78km (48милји) ESE of Potos (Thassos), Greece
83km (52милји) WNW of Canakkale, Turkey
298km (185милји) NNE of Athens, Greece

 

корегина магнитуда од 6.4 на 6.9 рихтер егеј на Грција

Аристотеловиот институт за Геофизика од Солун кој првично пресмета 6.4 магнитуда по рихтер,на денешниов земјотрес во егејот,УСГС(американски гео-институт) ја корегира својата првична 6.4 на 6.9 по Рихтер,а како југозападно од самотраки во близина на грчко турска граница.Атинскиот гео институт излезе со длабочина на земјотресот од 27 км.Се јавува за полесна повреда на женско лице -турист од Велика Британија,како последицца на отпаднат дел од таван,после силниот потрес.Укажана е лекарска интервенција на лице место и нема потреба од дополнителна хоспитализација.