dvomesecni horoskop

Хороскоп за март април 2010

најдете ја годината на раѓање во првата или втората табела на линкот и интиутивно прочитајте го хороскопот за Вашиот знак.Овој двомесечен хороскоп е попрецизен доколку го имате хороскопот изработен од Симеон Атанасоски по индиска метода.

овен бик близнаци рак лав девица терезија скорпија стрелец јарец водолија риби

Овен:Месец март,Ви донесува промени во деловното работење,па се советува претпазливо да ги набљудувате политичките случувања во државата,и да не дозволите со невкусни изјави да си создадете непријатели.Јупитер во 11 поле е поволен за поврзување со пријатели и блиски лица и нови деловни  иницијативи,кои ќе донесат успех во периодот април-мај.

Бик: Само од Вас ќе зависи дали позитивната енергија во март ќе ја насочите во вистински правец,како на деловно така и во љубовта.Ќе се појават можности да напредувате или да се поврзете со нови лица од кои ќе зависи Вашиот деловен статус.Извесен е успех доколку се потпрете на проверени и искрени пријателски контакти.Совет:Не оставајте важни работи да чекаат за крајот на април.Завршете ги до средината на април .

Близнаци:Можен е напредок во полето на работа,а за некои ќе донесе ветувања за нов деловен почеток.Следи успешен април и поврзување со Ваши колеги во земјава и во странство.Јупитер во осмо поле(финансии,наследства,секс..), може да ви донесе невобичаени сексуални искуства,па се советува да внимавате на хигиената и безбеден секс.Посебно доколку имате 16-19 и 26-30 год.

Рак:Едукативен семинар,патување или соработка со странци се можности за наредниот период.Ваше е да ги препознаете овие случувања и навреме да реагирате.Голем успех за подзнак,рак,лав и терезија на деловно поле,а во љубовта подзнакот близнаци,скорпија и водолија го очекуваат бурни вечери.
Доколку често патувате,извесно е дека во март-април Ве очекуваат најмалку 2 патувања.Совет:Поднесете апликација поврзана со странство.

Лав: Поволен период да дојдете до позајмица,кредит или банкарска повластица,но и да продадете или купите нов автомобил или технички уред-машина.Доколку навреме поднесесете оглас за продажба,издавање и сл. Ќе добиете поволна понуда и се советува да ја прифатите.Во љубовта успех доколку сте од 16-20,22,24-26,28-30 и околу 36 години.

Девица: Не вознемирувајте се во наредниов период,посебно во релацијата со партнерот-ката,а обидете се на време да си ги довршите деловните обврски.Успех е можен, доколку ги следите лицата кои ги почитувате пред се доколку се родени во летен период. Бидете претпазливи на финансиски план и околу крупни инвестиции .Се советува да направите рутинска здравствена проверка.
 
Терезија: Вашите планови како да дојдете до подобар простор(деловен или станбен),може да бидат приоритет во наредниов период.Се советува да реагирате забрзано на евентуална поволна понуда,но и да се консултирате со лица кои  подобро ја познаваат економската проблематика од Вас.Во април ве очекува потпишување некаков договор-пристапница,но внимателно реагирајте на банкарски записи или задолжувања.

 
Скорпија: На деловно поле Ве очекува соработка со помлади лица од Вас,а можно е да добивате покани за дружење од нови лица.Тоа подразбира да Вашиот Љубовен живот бележи нагорна линија,а доколку сте од помладата генерација,сигурна е заљубеност и почетна врска.Брачните партнери ќе бидат во искушение кон помлада личност и да завлезат во водите на брачното неверство.

Стрелец: На деловно поле март е добар да  подготвите терен за деловна инвестиција ,која следи во април.Наредниов период е поволен на емотивно поле,па се советува да го истакнете Вашиот шарм и со насмевка да го освоите посакуваното лице.Извесни се нови почетоци во врската ,а посебно за родените од 1990 до 1995(прва љубов) и 1985-1988г.Размислете за членување на еколошко здружение.

Јарец:Многу труд и енергија ќе вложите во наредниот период ,а дали ќе Ви го донесе очекуваниот успех е ќе зависи од Вашите најблиски соработници.Се советува тесна соработка со знаците лав,девица и скорпија,посебно доколку имате изградени односи.Избегнувајте нови лица за соработка кои на почетокот Ветуваат,а се покажува дека не се доследни на дадениот збор.

Водолија:Март е поволен за финансиски инвестирања(имот,купопродажба и сл.),а април за Вашиот дом и семејните релации.Тоа подразбира и зголемена динамика и Ваша деловна раздвиженост.Во љубовта со пролеттниот старт,доаѓа до израз Вашата дружељубива природа,па извесно е подобрување на емотивнита
Врска.

Риби: Доколку во минатиов период имавте потешкотии и недоразбирања како на деловно ,па и на емотивно поле,наредниов период планетите Ви ја даваат својата подршка .Се советува да делувате посигурно и самоуверено и да не размислувате за изминатиов период.Тоа е клучот за успех и доколку го следите периодот ќе биде успешен.

за дневен хороскоп
Пратете СМС или јавете се на 078 310992 со содржина dd.mm.gggg, каде dd.mm.gggg е Вашиот датум на раѓање. Цената на користење на услугата .