двомесечен хороскоп

Јупитер во поволна позиција за родените1950 сеп-нов,1962 и1974јан-март,1985дек до1986феб,1976 јул-дек,1997апр до сеп ,1997дек до1998феб

Нека избегнувааат ризици родени 1959-1961,1979 ноем-80мај ,1981-1982 и 1989-90 Посебно за родените летто-зима

 
Денови од посебна важност околу 7 и 22јули и 20август

 

овен: Доколку не планирате адаптација или реновирање на просторот, Вашиот план е  да се одморите од напорните пролеттни месеци,па извесен е аранжман за летување-одмор.Се советува да  одбегнете места каде водата е со слаб квалитет-можни се инфекции,алергии и сл..Размислете за комбиниран одмор езеро,планина,селски туризам.Ова летто осигурајте го вредниот имот.

бик:Наредниве 2 месеци можна е посета на роднина од странство и промена на некои Ваши планови за летен одмор.Затоа правовремено договорете се во домот,за да не се создаде нервоза во средината на јули.Периодов е поволен да побарате помош од пријател роден во зимскиот период. Внимавајте на алергии и изгоретини.Набавете масло за заштита од сонце со висока заштита.На емотивно поле по 7 и 22јули следува незаборавна авантура. 

 

близнаци: Внимавајте како располагате со финансиите.Извесна е лоша проценка и трошење повеќе отколку се можностите во моментот.Јупитер во 8 поле доведува до имотна сопственост,позајмици,подигање кредит, а кај некого наследство е тема во наредниов период.Доколку сте добиле во игри на среќа ,периодов е поволен и обидете се околу 8и22јул и 4,18 и 31август.Во љубовта истите денови се пресвртни за почетните познанства. 

рак:Во месец јули се советува да не се оптеретувате и нервирате, доколку се појави неодлучност или колебливост, посебно околу 7 и 22.Тоа е од минлив карактер и во август,следи решителен период.Сепак доколку сте во години и се работи за здравје Ваше или на близок, избегнете ги дадените неповолни денови за лекарска интервенција.Во јули на емотивно поле следува вест за принова во блиското семејство. 

лав: Доколку планирате да одите на летен одмор избегнете ја последната недела од двомесечниов период.Доколку можете да одбирате, јули е поповолен за одмор,а август за подготовка на деловно поле за есенскиот период.Во љубовта внесете измени во односот кон партнерот-ката прошетки,посета на културен настан,жива музика,за да се избегне монотон и рутински однос. 

девица: Леттово Вашиот емотивен живот ќе биде во преден план ,а тоа подразбира и Ваша потреба да донесете Важна по Вас одлука која може да ви го промени животот.Се советува да не се избрзувате,да се консултирате со лице во кое имате доверба пред да делувате.За помладиве периодов донесува убава забава и ново друштво,но и заладување на односите со постари пријатели.

           

 терезија :За Вас леттото донесува можност да бидете во поголемо друштво но и да се наметнете со некаков проект за овој дел од годината.Следи успех доколку се занимавате со уметност,култура или спорт,па се советува да не ја пропуштите можност за нов аранжман,проект или јавен настап.Во август нагласок е во полето на пријатели и комуникација,а тоа значи останување до доцна во пријатно друштво. 

скорпија: Јули е поволен период за донесување на финансиска одлука(продажба), додека август е поволен за патување во странство како и соработка со лица кои не се од Вашиот роден крај.Доколку сте невработени се советува да побарате сезонска работа и доколку не пребирате следи успех.Во љубовта поволен период за родените во 1989-1992,1985- 86,1976-1977,

стрелец: Јупитер во 2 поле поволно влијае на Вашите финансии ,па извесно е задоволство од делумно подобрената состојба од изминатиот период.Сепак треба да се истакне неповолниот распоред на меркур и венера што доведува до материјални загуби па се советува да ги подмирите сметките и долговите доколку ги имате.Летово ветува многу дружење и богат сексуален живот.  

јарец: Јули месец  е поволен за нови познанства,патувања,а нагласена е можноста да се подаде рака за некаков договор.Се советува да не ги одложувате некои заочнати преговори ,поволен период е до крајот на јули.Во август вашиот шарм кон спротивниот пол е зголемен,па извесни се емотивни средби и квалитетен љубовен живот.Совет внимателно околу 7 и 22јули и 20август. 

 водолија: Поволен период да соработувате со лица од внатрешноста или со странци.Истакнете ја Вашата позитивна и шармантна природа,но не претерувајте во оргиналноста по секоја цена.Доколку тетоважата веќе ја имате размислете за купување на некаков летен гаџет.Ова летто е успешно на љубовно поле,доколку бидете искрени и едноставни. 

риби:Месец јули е поволен на емотивно поле,а посебно доколку сте родени 1989-1992,1985- 86,1976-1977. Извесна е почетна врска и незаборавно поминат леттен одмор.Во август планетите го аспектираат полето на здравје,па се советува да внимавате од конзумирање и внесување на храна и течности со сомнителен квалитет. Ова летто започнува со ново пријателство.