Дваесет успешни предвидувања дадени пред една година за Македонија и светот

2016 привршува и време да се реобјават предвидувањата,кои ги објавив и јавно на Тв ги презентирав, пред скоро една година.Овие предвидувања имаат за цел да направат јасна разлика , кон што треба да се стреми астрологијата и во каква функција е за човештовото. Јас често пати повторувам „ Само доколку се знае иднината истата може да се промени , менувајќи се самите себе си “. Лицето кое добива знаење како да ги осветли сите 5 сетила , стреми на патот кон благосостојба и среќа. Прв предуслов е да знае како и кога планетите делуваат и како да се заштити.Доколку не знае кога тие делуваат ,колку сака може да биде мотивиран со добри намери или зборови од залутани лица во астрологијата ,заедно со нив пропаѓа. Затоа е кажано ни сета војска која е под негова команда, не можат да му помогнат на царот , ако не знае кога ,како и зашто да делува.Вакви предвидувања се објавени во континуитет од 1993 година.

1.Аиво Орав предвидено во ден во новата година цитирано и доказен материјал не треба посебен коментар .Објавено во медиумите за 20 до 23 јануари 2016 цитирам„Орав под притисок“. Еве денес ,медиумите ја пренесуваат неговата изјава дека е под притисок односно ,дека се жали на закани упатени кон него и кон неговите европски колеги. Оваа изјава само го потврдува даденото предвидување кое се покажа прецизно до ден. 

2.Два силни земјотреси и авионски пад и повторно објавено на три места на Тв и ФБ и на блог. Ова е ретко предвидување кое заслужува повеќе внимание во јавноста 

3.Пад на 2 мали авиони во мај во предвидувани денови за авионски несреќи 

4.предвиден земјотрес со даден ден и локација ,уште едно коректно предвидување со магнитуда и локација.Ретко предвидување во светски рамки.  

5.предвидена ерупција на вулкан во точен ден говори само по себе. За да се анализира тежината на ова предвидување побарајте некој во светот кој дал точен ден на вулканска ерупција неколку месеци порано, а при тоа го напишал и точниот ден.Во Република Македонија оваа вест која е од најредок вид ,ниту еден медиум не ја покри ,барем како занимливост ,ако не како научен предизвик! Само да се развие дебата околу оваа информација геолозите и сеизмолозите може да размислуваат како да ги прошират научните сознанија  

6.Предвидувани проблеми во воздушен сообраќај 11 јун2016 , повторно коректно предвидување  

7.Предвиден Атентат на свештено лице јавно објавено декември 2016 и опишано заради планетарниот ефект над Јупитер кој е свештеник во астрологијата.Коректно и ретко предвидување.  

8. Поплавите во Скопје не беа директно предвидувани, но денот од 4-6 август како еден од потешките денови во август беше експлицитно напишан.Јас за Балканот и Македонија имав сознанија дека ја очекуваат непријатни тектонски движења и можни земјотреси.  

9. повторно атентат на свештеник

10.Предвидуван силен земјотрес во август 2016

11.Повторно предвиден земјотресен ден

12.Предвиден земјотресот во Италија топ тема во наредните месеци, а и во светските вест за 2016.Малкумина во Македонија па и во светот знаат дека оваа вест е јавно објавена на ТВ ,на ФБ и на веб сајт. 

13.Повторно напад на свештеник во предвидуваниот период

14.На мојот блог се даде и коректно предвидување за пожари во македонија

15. Предвидуван авионски пад и проблеми на воздушен транспорт.

линк авионски пад

линк втор податок авионски

трет податок авионски пад

четврт податок за авионски

16. предвиден земјотрес ова е прецизен како ден, но иако е спомната австралија како регион на земјотрес во 2016 , не треба да се третира како целосно предвидување.Бидејќи е предвидена магнитудата и денот е реткост како предвидување па затоа е забелажано. 

17.повторно точно предвиден земјотрес од 7.8 рихтер и цунами ефект

18 Доказ на Дел од предвидувањата како видео информација

19. Предвидени авионските падови во Меделин и Папура во 2016 и овие вести беа топ тема на последниот квартал годинава.Истите беа јасно напишани и објавени во декември 2016.  

20.Последно во оваа група е авионскиот пад на Рускиот Ту154 близу Сочи. Ова предвидување е објавено најмалку на 3 места,но треба да се истакне дека има нетолеранција од 2 дена.Имено предвидувањето беше за периодот од 27 до 31 декември 2016, а се случи на 25декември 2016. Предвидувано е скоро пред една година.Не е предвидувана локација.