Драган Спасов Дац

драган-спасов-глумец-театарска-преставаДраган Спасов-Дац Независност,автентичност и перфекција!
Драган Стојановски-Дац е роден под влијание на месечината во воздушниот знак на Водолија или по индиски Кумбха ,додека среќната ѕвезда на раѓање е Пурвабхадрапада- чиј владател е Јупитер.Оваа планета е сместена во Риби каде е нејзино седиште(силна позиција)и го зајакнува позитивното влијанието на  среќната ѕвезда.
 
Пурвабхадрапада среќната ѕвезда на Драган 
 
 
Месечина   Водолија
Сонце  Овен
Подзнак Девица
          
 
Митолошки Пурва бхадра симболично е претставена преку човек со маска на лицето или дволичен човек!Тоа  асоцира на актерски способности и „глумење„ во животот!Нестабилен дух кој ја сака слободата
 
Да се изгори,да се стопли да казни некого,да се разбесни да има топлина,да се биде гневен,брз,„закачко“,да се има „кисело“ лице,да се смее,да е страствен,вреден ,налутен и свеж,да се има желби кои „пламнуваат“,да угнетува ,да има грижа на совеста,да се кае,да издржи,да се самопонижува и измачува,да се навредува себе си,да се биде загрижен,да падне,да засмева,
 
Психологија  
 
Месечевиот знак Кумбха-Водолија ,кај Драган е „конекција“ со човечки особини,натпреварувачки дух и интелектуален потенцијал.Говорот е примарна „алатка“ за постигнување на успеси во животот.Личноста е „борец“ и до успех стигнува со сопствени вредности и ораторски способности!
Водолијата,неговиот главен знак во Џотишот е хумана и оргинална личност,а тоа подразбира способност да одглуми „све“ ,а при тоа да наметне сопствен гламур и сјај!Бидејќи Водолијата е знак на слобода и раскинувањње на незнаењето,треба да му се дадат ролји кои имаат можност за слободна интерпретација и бараат асоцијативност и „либерте„ театар!Скоро е сигурно дека тогаш ќе блесне неговата ѕвезда во полн сјај ,а публиката 
ќе биде пријатно изненадена од неговиот талент, секојпат „различно„ да ја доживува истата драмска улога.Ваквото астро влијание беше веќе објавено во Ина кај друг актер со иста Џанма накшатра(среќна ѕвезда).Уште една потврда,за Јупитеровата накшатра ,која е заштитник на беседниците и дава надареност за уметничка презентација. 
 
Сонцето за родените на 20 април е во знакот на Овен ,дава одредена„тврдоглавост“ и самобенисаност,но и веселост и „заразен“ хумор со „интелегентини„ досетки и надополнувања на своите соговорници.Сепак во индиската астрологија ,главен знак е Водолија(Кумбха),а со тоа е потенцирана човечката природа,која во случајот на Драган,делува самостојно,револуционерно и пред своето време во идеите и плановите.Тоа подразбира неискористеност на неговиот актерски талент во целост ,кој блеснува и се гаси,а е во „спрег“ со потребата на Водолијата да се бори против „Ветерниците“ на времето во кое живее.
Водолијата е знак кој го чува знаењето и сака да го пренесе на „наметлив“ начин,а кога ќе го стори тоа се „повлекува во сенка“ ,не уживајќи во потполност во плодовите од својот настап.Оттука може да дојде до „блескав“ успех,но да делува „кул“ како ништо да не се случува околу него!
Каде е силата во неговата натална карта?
Веднаш се истакнува спојот на Јупитер и Венера во полето на Риби каде Венера е егзалтирана,додека Јупитер е во своето седиште.Овој планетарен спој ,ја потенцира креативна способност и моќ да се привлекуваат луѓето за соработка,а истиот е формиран во кендра полето во седмиот сектор во наталната карта!Така се формираат Хамса и Малавја јога ,а тие се сигурен показател на успех и проперитет во животот!Ова се две таканаречени Кралски позиции и доколку се под поволно кармичко влијание ветуваат сигурен успех и просперитет во животот во сите четири правци од родното место.Сите видови на партнерства,а посебно оние кои се надвор од роденото место(посебно доколку во близина има вода) донесуваат „зенитален“ успех! Ова е поволен знак и за неговата животна сопатничка(сопруга) која исто така ја чека кариера и успех о животот! 
Месечината е сместена во Водолија, а нејзиниот „домаќин„ Сатурн е во своето седиште во трикона полето кое кореспондира со театарот,забавата и глумата,а „завршен збор“ на овие планетни конфигурации,планетата марс „гради“ аспект т.н. Чандра мангала јога,кој дава динамика и извор на енергија во неговите настапи!Владателите на 10 поле на кариера(од месечина и од подзнак),моќно се во аспект со егалтираното сонце во овен и оската сатурн(седиште),раху(паривартана со Месечина).
 
Стартот на новата 2004 година, може да биде вовед во нови деловни проекти ,а клучен збор е „ пријателска подршка„.Посебен месец на овој план е јануари(15 до 19) и првата половина од фебруари кога планетите позитивно го транзитираат неговиот знак!2004 година за Драган Спасовски е година на нови ангажмани и договори.Извесни се нови проекти и успех во летниот период 2004.Во овој период можни се гостувања надвор од родниот град или успех поврзан со странци.Извесна затвореност и припрема пред пролетта 2004, ќе биде вовед за успеси во април и посебно после јули до крајот на септември.Со мала пауза во октомври(здив),следуваат признанија за неговата работа и успех во финишот на 2004.
 
Долгорочно успеси го очекуваат :
 
после март 2004,ноември 2005-март 2006фебруари 2007 до септември 2007,после јануари 2008 сигурен успех со странци,максимален врв во кариера март-септември 2009!
 
Нека внимава 2013 до 2015 година!Пресвртот е фамилијарно,здравствено емотивно!!!
Овие години се со детерминирано влијание и донесуваат огромна промена во неговата кариера и ќе му треба совет да ги прими на себе новите енергии предизвикани од минатата карма!Доколку не биде „збунет“ од промените кои тогаш го очекуваат,следува уште подинамичен развој и просперитет надвор од границите на  Република Македонија.Но, во припремниот период 2013-2014 нека внимава и претходно нека се консултира со ведски(индиски) астролог! 
AttachmentSize
ina_br.17_astrologija_simeon_atanasoski_dragan_spasov_dac.doc20.49 KB

Comments

ИМДБ потврда на предвидување за успех

потврда на предвидувања за успех на Драган спасов Дац

Скоро сите предвидувани години на поголем успех се дадени уште пред 10 години во наталната карта на Драган Спасов-Дац.Ова е исечок од неговата биографија објавена во базата на сајтот imdb