Дарко Панчев амбиција слава перфекција

Дарко Панчев е роден под влијание на месечината во кардиналниот,амбициозен и упорен знак на Јарец или по индиски Макара,додека среќната ѕвезда на раѓање е Утарашада- чиј владател е Сонцето.Сонцето како среќна Дарко Панчев  фудбалер Златна копачкаѕвезда е силно поставено во знакот на Лав и оттаму неговата популарност и слава. 
Амбиција,Слава ,Перфекција!
Месечина   Јарец
Сонце  Лав
Подзнак Девица
Утарашада среќната ѕвезда на Дарко 
да стапи на сцена,да се манифестира ,да се покаже,да направи сојуз,да се влезе во...,да се збие,да превземе акција,универзалност,да создаде услови,да надоаѓа како брза река,да биде брз како мисла, се некои особини на родените под оваа ѕвезда. 
 
Митолошки Утарашада се поврзува со човечка природа,со амбициозни планови кои се сокриваат од другите,а бидејќи владател е Сонцето ,директно се поврзува со лидерски квалитети и моќ да се привлече вниманието кон себе!
Пенетрирање е клучниот збор поврзан со оваа ѕвезда,а лицата кои ја имаат во наталната карта се истакнуваат со брза продорна природа која нема време за губење и брзо се наметнува на професионален план.Родените под оваа среќна ѕвезда се здобиваат со многу пријатели и приврзаници и никојпат не ги забораваат луѓето кои им помогнале да успеат во кариерата.Владее со „машките“ професии,а се наметнува како војничка каста,борци(рвачи),атлети,а бидејќи подзнакот е Девица а сонцето во Лав,ете откаде фудбалот е преокупација кај Дарко Панчев.Дава голема храброст и решителност и заслужени признанија.Како негативна одлика на оваа ѕвезда може да се земе определена црта на „себеважност“ и доколку истото не е потенцирано,личноста која е родена под нејзино влијание добива почит од сите страни!Сепак заради Сонце во 12 поле(лав) и Јупитер(слава-странци) во 10поле, повеќе е ценет надвор од родното место!
 
Психологија  
 
Спој на амбиција и издржливост(месечина во Јарец) со интровертна способност да се надминуваат потешкотиите,стоицизам и храброст преку особините кои ги дарува Лавот ,а оттаму и заслабено влијание на подзнакот Девица кое сепак дава одредена прилагодливост и адаптибилност во школата наречена живот.Сигурно е дека ваквата планетна распределба дарува одредена предиспозиција кон издржливост и доследност на сопствените амбиции и планови ,изразено преку Месечината во Јарец,а желбите да се искачи меѓу „ѕвездите“ е лајт мотив кој е присутен кај родените во хороскопскиот знак на Лав,каде е сместен Сончевиот знак на Дарко.Надвор од спортот планетниот распоред е таков ,да ја нагласува домаќинската црта(гостите во неговиот дом се „закон“) и вложува многу енергија да им приреди убав помин кога го посетуваат.Тоа е дел од неговата природа да сподели со пријателите се што има,а ова сигурно им е познато на неговите пријатели и гости!Не сака лицемерие и лаги,а може да биде малку„наивен“ кога ќе сакаат да му се „доближат“ со лажно пријателство или фалење на неговата успешна кариера!Затоа треба да го земе во предвид кажаното (со кого ќе соработува),доколку се насочи кон тренерската или селекторската работа!Нека се води спрема нивните тековни квалитети ,а не спрема навидум искрените но„сомнителни “ препораки за селекција на добри играчи.  
 
Подзнакот во индиската астрологија(Лагна) кај ,Дарко е во земјениот знак Девица(Канија во Џотишот),додека владателот на подзнакот Меркур е придружба на силното Сонце во своето седиште- Лав.
Силата на неговата натална карта е изразена преку месечевиот јазел (раху) силно егзалтиран во Бик (варготама) на граница на хорите 15 степен во Бик.Ова е исклучителна позиција за јазелот кој самиот е доволен да продуцира ретко виден блесок и успешност.Овој период на слава и успех со таков интензитет ,му завршува со влегување во брачните води и раѓање на неговата ќерка во 2000 година.Тоа подразбира негова определба за семејството и пријателите и привремено оддалечување од „гладијаторскиот“ однос кон фудбалот!Силата на неговата натална карта е зголемена и со Сатурн кој е сместен на место на свое владеење во Водолија(каде е седиште на Раху),Венера која како варготама е во подзнакот,јупитер кој високо над небото во 10 поле укажува на успех надвор од Македонија,а истото го потврдува сонцето во Лав.Во картата за кариера д10,владателот на неговата карма бхава(кариера) е во своето седиште(вонредно силен),истото е и за „спортската„ планета марс кој е сместен во своето седиште во Овен,Јупитер е вонредно силен во рак,а сонцето е паривартана со сатурн!Сето ова покажува на изразито силен хороскоп,а тоа го наметнува прашањето-Кога Македонија повторно ќе има фудбалер со негови спортски перформанси?!Во однос на неговата понатамошна спортска кариера,нека се земат со резерва дадените предвидувања бидејќи истите се дадени во недостиг на време за подетална анализа! 
 
успеси на професионален план
 
-мај јуни и декември секоја година се поволни на професионално поле
-нека внимава 2007 до 2009 во месеците пред пролетта и пред есента, на емотивно и здравствено поле
 
2004 и посебно 2005 е одлична година и ветува успех и признанија,2005, 2006(декември-јануари)признанија и награди,
 
Планетата јупитер годинава(2004) има делумен ефект како во времето на неговите најголеми успеси 1991година!Сепак ова влијание не е исто ,но доколку добие понуда за работа поврзана со спортот треба да ја прифати!
 
Џотиш –Индиска астрологија 2003 година
Симеон Атанасоски
 
AttachmentSize
ina_br.26_astrologija_simeon_atanasoski_darko_panchev.doc18.88 KB
darko-pancev-fudbaler-zlatna-kopachka.jpg54.9 KB