двомесечен хороскоп јануари фебруари 2010

 

Среќна Нова 2010 со желба за прогрес и благосостојба heart
 
Јупитер во поволна позиција за родените феб-мај,сеп-ное1950,јули1953-мај1954,авг57-сеп58,апр61-март62,мај65-мај66,69-сеп70,73-74,апр77-апр78,феб85-феб86,авг88-авг89,окт92-ноем93
 
Нека избегнувааат ризици родени1950-53,60-61,70-72,79-82,88-89
Посебно за родените летто-есен
 
 
Овен:Не губете време со празнување и бесцелни муабети!Наредниве 2месеци се битни за Вашиот деловен успех,па се советува веднаш да се фатите за работа.Најповолен период е втората недела од месец јануари и фебруари посебно доколку работите со јавниот сектор,трговија или услуги.Годинава е поволна за патување и соработка со странци.
 
Бик:Доколку храбро инвестиравте при крајот на изминатата година Ве очекува награда за Вашиот труд, додека за пасивните и неодлучните може да се вознемират од пристигнатите сметки за наплата.Како и да е во фебруари Вашата финансиска состојба се поправува ,а совет до невработените да бидат активни-следи вработување.
 
 
Близнаци: Доколку сте родени 1950-53,60-61,70-72,79-82,88-89 припазете на вашата здравствена состојба во младите и полни месечини во наредните 2месеци.Во истиот период можни се емотивни промени,па се советува да ги завршувате семејни обврски за да не бидете изложени на критика и кавга.Љубов: успех по втора половина од јануар.
 
 
Рак: Периодов е поволен за нови деловни почетоци(договор,кредит,партн ерство) па се советува активно да делувате.Обидете се да го одбегнете фебруари и март за непромислени лекарски интервенции.Посебно во деновите 17 до21јан и 14до18феб. бидете претпазливи со финансии и во сообраќај. Емотивно Ве очекува бурен фебруари.
 
 
Лав: 2010 за помладите донесува љубовна почетоци но и можен раскин,а за брачните партнери подобрување во однос на 2009.Како и да е годинава стартува со добро расположение и припреми за работа кои ќе резултира со почетен успех во фебруар.Оние кои имаат од18до22 и 34до37 години нека внимаваат на односот кон родителите.Можна е нетрпеливост или кавга.
 
 
Девица:2010 е година за решавање на станбено или деловно прашање,па уште на самиот почеток може да размислувате за одредени поволности и кредити, за да дојдете до посакуваната цел.Крајот на јануари и фебруари е значаен на емотивно поле и извесна е заљубеност кај помладите(16до21г) која може да прерасне во почетна врска. 
 
 
Терезија : Година поврзан со помлади лица ,а кај младите парови можност за добивање деца.Во работата секако 2010 е година на ветувања.Тоа подразбира зголемена раздвиженост и можност за кусо патување(април-мај).Младите ќе започнат врска(љубовна) во фебруари .
 
 Скорпија: Јупитер е во 4 и 5-то поле во 2010 и преку своето присуство ветува богата година.Тоа подразбира вработување или приходи кои ќе ги добиете преку помлади лица.Јануар ви донесува задоцнета исплата или некаква продажба,а фебруари е поволен за зимски одмор со сакаканиот-та.
 
Стрелец: 2010 за Вашиот знак донесува пораст на Егото и зголемување на телесната тежина,па се советува да припазите на сопствената линија.Јануар одбегнувајте расправии со униформни лица,а даноците платете ги на време.Фебруари е месец за семејни планови,а истакнато е полето на близок роднина и неговото здравје.
 
Јарец: Неповолниот аспект на марс и сатурн во полето на здравје е до крајот на фебруари па се советува полесна исхрана и избегнување на деновите околу 13 и30јан.,како и po 8феб.Во истите можно е да бидете вознемирени и емоти вно.Другите денови се поповолни ,но се советува да вложите повеќе труд, за да бидете задоволни од сработеното.
 
Водолија:Припазете се некој близок или пријател да не ве „изигра“ во периодот што следи.Се советува да не размислувате за последиците во стилот што ќе биде ..ако биде,туку да направите разлика помеѓу пријателството и бизнисот.Нашиот народ обично вели Брат за брат,сирење за пари!
 
 
Риби: Јануари е продолжение на празничното расположение,но подразмислете дали ќе стигнете да ги завршите своите обврски на време.Можно е за Вас фебруари да создаде конфузија и доцнење со роковите,па доколку сте под државна капа,внимавајте.Посебно во деновите околу 17 и 31јан.,како и 14и27феб.