Skip to Content

Syndicate

Syndicate content

двомесечен хороскоп ноември декември 2009

 

 За попрецизна информација на двомесечниот хороскоп треба да го знаете Вашиот Ведски Хороскопски Знак.
Јупитер во поволна позиција за родените феб-мај,сеп-ное1950,јули1953-мај1954,авг57-сеп58,апр61-март62,мај65-мај66,69-сеп70,73-74,апр77-апр78,феб85-феб86,авг88-авг89,окт92-ноем93
 
Нека избегнувааат ризици родени авг1950-сеп1951,1953-54окт,1972,1979-јул1981,окт90-јуни1991
 Посебно за родените есен-зима
 
Денови од посебна важност околу 4-8,11,17-21 и 24ноември и 2,9,15-18 и 25 декември
 
овен: Вашиот владател планетата Марс е во полето на домот,а тоа подразбира Ваши планови за уредување на домот,едукацијата или сервис на превозното средство. Периодов е поволен за кусорочни кредити,позајмици или за решавање на потешкотии со законот.Во љубовта,следат искуства кои се на границата на флерт и паралелна врска.Можна е љубомора од партнерот-ката.
 
бик:Ноември е поволен за нови деловни познанства,кои ќе допринесат за деловен успех и договор пред самата нова година.Се советува да не се размислувате за промена на работата доколку резултатите се навестуваат за јан-април2010.Во љубовта успех кај помладите Бикови ,во деновите од посебна важност.Овие денови се неповолни за постарите(здравје) и се советува контрола на стомак-бубрези,панкреас,уринарен тракт.
 
близнаци: Ноември е поволен на емотивно поле и извесни се романтични прошетки и заљубеност со партнерот-ката.Родителите, кои се во неповолната група,нека припазат на своите блиски-можна е е загриженост или нервоза заради финансии,здравје на близок и нивните потреби.Последната недела на ноември и декември се поволени за нова работа,полагање,купување на имот и сл.
 
рак: Финансиското поле е во преден план во наредниве 2 месеци.можен е разговор договор и некое посредништво со лице родено надвор од Вашиот роден крај.Се советува соработка на деловно поле со странец,доколку го владеете неговиот мајчин јазик.Доколку сте со позитивен Јупитер следи успех и потпис на некаков важен документ.Во љубовта можна врска со помлада особа.
 
 
лав: Доколку во изминатиов период имавте потешкотии на деловен план, се советува да делувате претпазливо и да го сведете ризикот на најмала можна мера.Доколку се одложи некаков Важен проект за почеток на 2010,постои реална можност истиот да го договорите во Ваша полза.Вашата харизма при крајот на годината е во подем.Пазете се од љубовен триаголник.
 
 
девица: Полека делово се растеретувате од изминатиов период,но како да нема време за одмор и забава.Периодов што следи е поволен на финансиско поле и следи долго очекуван фин.прилив.Периодов е поволен и за семејните релации,па се советува да делувате потикнувачки,за да ги подобрите односитесо брат,сестра,родител.Во љубовта периодот е поволен околу 3 и21нов и 18,24 и по 30 дек.
           
 терезија :Поволен период да преиспитате некои Ваши одлуки на деловно,па и на емотивно поле,но се советува одмереност во упатување на негативните критики.Планетниот рапоред е поврзан Вашата состојба на Умствено поле,а тоа подразбира да не можете јасно да ги согледате поволните и неповолните состојби.Завршете ги обврските правовремено,и припремете се за убав декември пред се на емотивно поле.
 
скорпија: Сатурн е во полето на Вашите пријатели и извесна е промена или оддалечување од некој од нив.Како и да е,Вие сте во групата на нагласено емотивни
знаци и доколку размислувате негативно,се зголемуваат притисоците кои ги трпите од околината.Во месец ноември, не ризикувајте деловно или емотивно,а во декември брзо искористете ја можноста за финансиска зделка.Емотивен период по 1,10 и 26ное и 1,9,24 и28дек.
 
стрелец: Доколку во изминатиов период бележевте успех,можно е наредниве 2 месеци да бидете исцрпени како емотивно,така и физички.Совет:Дајте соодветна материјална жртва!Ситни подароци за Вашите најблиски ,ја намалуваат Ваквата неповолна состојба ,па се советува пријатно да ги изненадите,со мал подарок.Во љубовта ќе бидете пред дилема,со кого и каде за новогодишните празници. Поволно со близнаци,лав,и водолија
 
јарец: Многу значаен период за вашиот знак.Доколку подготвено реагирате на понудата за деловна соработка,следи успех и поволна финансиска завршница на 2009.Кога се напредува во работата,слични ефекти се и на емотивно поле,па извесен е успешен љубовен 2-месечен период.Ова е нагласено за родените со поволен Јупитер,а останатите,нека се консултираат доколку не им оди од рака со економист,психолог,астролог.
 
 водолија: Јупитер кој владее со Вашето 2-поле на финансиите следната година позитивно ќе делува на Вашата личност,па следи прашањето.„Која е причината за тоа?.“Зголемена е можноста за убава финансиска завршница и успех во јавниот живот(посебно доколку имате поволен јупитер).Декември е позитивен на деловно поле и се советува да имате резервна батерија за вашиот мобилен.Нагласени емоции околу 5,10,и 19ное и 3,7 и по 14дек.
 

риби:Финансиите може да ве загрижуваат во ноември,но доколку побарате подршка од блиски пријатели декември е позитивен и следи успешен завршеток на 2009.Марс,Јупитер и Венера ќе извршат силен притисок на љубовно поле,па доколку сте со позитивен Јупитер извесен е убав период и поинтимен однос со партнерот-ката.За останатите ,можни се ситни недоразбирања околу 14 и 26 ноември и 12и24дек.