астролози

Астролози

За да се одговори на прашањето- кој денеска, смее да се нарече Џуоти-Астролог треба да се прочитаат упатствата напишани во слоките (стихови) од Парашара, во астролошкиот буквар Хорашастра,збирките на Варахамихира,и Нилаканта во делото Прашна Марга .

Покрај беспрекорниот карактер кој треба да го поседува лицето кое го изучува Џотишот-Ведската астрологија,треба да биде запознаен со научните дисциплини,да го владее санскритот,да ја познава сферната астрономија и математика,за да може  да го осветли патот на душите кои имаат потреба од одговори.Денес во предскажаната Кали југа(време на кавги и неслога),повеќе лица кои се представуваат за астролози се измамници кои ги користат квалитетените изјави од луѓето вклучувајќи ги и реномираните астролози и се предстауваат како познавачи на астрологијата.Денес доволно е да се вклучи некој Тв канал и со помош на интуиција да се превземе соопштена изјава на врвен економист,политиколог,правн ик или научник, кој заедно со екипа на стручни лица(колеги) со помош на сложени пресметки, се обидува да предвиди стапката на пораст,бруто национален приход или инфлација до крајот на годината.Бидејќи најчесто има 2 мислења(понекојпат 3) за одредено прашање од интерес на граѓаните,лесно е да се предвиди дека барем едниот од од нив ќе биде во право.Доволно е да имате една препишана изјава од авторитет во областа на интерес и да ја соопштите во јавноста и после со маркетиншка подршка да направите луѓето да ви веруваат и ...се разбира наводно да се прикажете за астролог кој може да ја одбрани оваа референтна наука од нападите на „неуките лица“.

Како да ги препознаете:

Кфалификуван Астролог ви одредува 2-3 важни промени во Вашиот живот, со опис на настанот и приближното време на случување.Запамтете секојпат треба да ви биде кажан настан од минатото за да проверите дали лицето што се преставува за астролог е квалификуван или е обичен измамник.Се додека не му ја поклоните својата доверба на лицето кое се преставува за астролог,треба да молчите и да не дозволите,со потпрашања упатени до Вас,да извлече од Вас одговор со кој манипулира дека ,ете го познава Вашиот карактер,а се со цел да ја добие вашата доверба.

Еден астролог кој работи во јавноста доколку има клиент на Тв или радио,откако ќе ги земе податоците на раѓање за помалку од минута треба да го праша(да му соопшти) 2-3 клучни настани во животот.И тоа да го прави со секој нареден гостин во емисијата.Доколку се јавите ,а не ви каже прецизни детали од минатото, најчесто е почетник во астрологијата и бидете сигурни дека информациите кои ќе Ви ги соопшти се психолошка манипулација,а често лицето залутало во астрологијата и нема никакви познавања .Кажано е подобро да прашате грумен на земја за совет ,отколку да го трошите времето и парите на неука личност која себеси се преставува за астролог.