Балканот и Македонија во прегратка на циклонот "Симеон"

 
Ниво 2 Црвена фаза источни делови на Бугарија и југоисток на Италија.Македонија,Албанија,Северна Грција,југ на Србија,Црна Гора и Босна портокалова фаза.Се очекуваат врнежи од  30 и 40 mm и бавно движење на циклонска активност, со локализирани обилни врнежи.
 Италијанската крајбрежје може да има голем број на врнежи во текот на ноќта, посебно на брегот на Јадранското Море (помеѓу Манфредонија и Отранто), каде е центарот на циклон ската активност.
 
 
Вчера во попладневните часови сообраќајот во Македонија е отежнат по улиците во Македонија,како последица на силниот и обилен дожд кој „најавено“ го донесе од југо-запад циклонот Симеон.Претходно во Република Хрватска,Босна па и Црна Гора оваа циклонска активност доведе до голема загриженост на населението,пред се во Хрватска каде некои проценки се за тотално уништување на земјоделските култури.
 
 
„HRVATSKU POHARAO CIKLON SIMEON“, „Ciklon Simeon pogodio Hrvatsku-Crvena uzbuna za cijeli...“,„Ciklon „Simeon“ sinoć ,,harao“ Herceg Novim“,„Ciklon Simeon pogodio Hrvatsku“, „Ciklon Simeon i dalje nad Balkanom“ се ударните вести кај нашите северо-западни соседи.
 
Локалните медиуми известуваат за улични локализирани поплави,а количество на паднат дожд на поедини делови од Хрватска се движи до 120литри/м2 .Во Дубровник само за 1 сат паднале 45мм,а за 24 часа 128мм.Најнова информација е паднати 190литри/м2 во изминатото деноноќие.Има исвестување и за силни грмотевици,кои кај едно семејство од удар на гром довеле до пожар и голема материјална штета на стопански двор(3 трактори,неколку стаи,шупа за дрва,силос за храна итн.Водостојот на реката Драва во пораст,а реката Мура се излеала.Во Црна Гора градовите Будва 135л/м2 и Херцег Нови 155л/м2 и  најмногу во Петровец до 200литри/м2 сами кажуваат за силата на циклонот „Симеон“
Хрватскиот Хидрометоролошки завод излезе со црвен метоаларм,додека во Босна и Херцеговина со помаранџест. Во Македонија најавената жолта фаза на опасност(метеоларм),ги дочека неспремни возачите по градските улици,пред се на Скопје кои беа затекнати и оневозможени брзо да пристигнат до својата цел.Се создадоа непотребни гужви во сообраќајот,кои на моменти дел од возачите ги искористија за Фејсбук „фотки“,кои веќе кружат по социјалните „пајажини“.
      Посебно затекнати беа возачите на два автомобили и еден камион кај Фершпедовиот подвозник.Критичните точки во градот 

 

подвозникот кај Бихакќа(поголемо количество вода)и подвозникот кај Стоковна куќа Мост беа поплавени.Кај улицата „Железничка“, сообраќајот отежнат бидејќи се прелеала атмосферската канализација.
Во Карпош силни грмотевици со пороен дожд и релативно добар одвод на атмосферската вода.
Количините на измерена вода според податоците во соопштението на на УХРМ за(2 септември 2014 до пладне),најмногу дожд паднало во Охрид, 33 литри/м2,Преспа и Претор со 25 литри/м2 и Маврово со 21литар/м2.Во моментот кога е пишуван овој текст(22:25) дождот во Скопје засилено паѓа.Граѓаните нека избегнуваат движење во близина на неоградени градилишта и места кои е можен одрон на земјиште,а при грмотевици да избегнуваат засолниште под осамени дрвја,напуштени високи објекти или места во поле кои имаат земјиште богато со метални руди.Во Македонија треба да се направи мапа за претпазливост на места каде зачестено удираат громови ,пред се заради геологијата на теренот или повисоки необезбедени со громобран јавни или приватни објекти.
 
 
 

Comments