Чакра вртење на тркалото

Чакра

мала слика на човек неговите чакри во просторот и астро влијание

Што значи терминот чакра? Каква е врската со ведската астрологија?Каква е поврзаноста сополето во хороскопот или со наталната карта.
Буквален предвод тркало кое се врти или вртење на тркалото,вртење на кругот-сферата.Во поширока смисла на зборот,во ведска астрологија подразбира енергетски центар од кој пулсира сферична енергетска состојба,  која се шири во сите правци.Нејзиниот домет е индивидуален и зависи од „домаќинот“.Односно дали се работи за предмет,животно,човек или небесно тело-ѕвезда,планета итн.Чакра како термин грубо кажано е точка на баланс на надворешните и внатрешните сили во универзумот во дадена рамнина.Секое тело вибрира односно интерактивно примопредава одредена фрекфенција на светлината.Нашето тело има 7 основни чакри плус 2 кои се врската со приземјување на телото односно поврзаност со бесконечноста.
Оттука нашата физичка,емотивна и интелектуална состојба се менува во однос на промената на светлосната фрекфенција.чакра во човековото тело муладара до сахасрара
Кога ние сме „среќни“ нашите чакри и енергетските чакри околу нас се во баланс.Кусо кажано во тој момент имаме благослов од божјите енергии и нашето его(ведски Ахамкара) не ја „центрира“ енергијата кон себе,туку кон единственото поле на сили.Кога овој благослов привршува,ние сме несреќни и со помош на Егото се центрираме кон себе си како единствена одбрана од неможноста да бидеме дел од Едното,туку сакаме да бидеме „Богови“(да создаваме,да креираме)....
Веднаш следува „казната“ преку збунетоста од повеќе прашања во нашиот УМ отколку можните одговори.Резултатот од истото е видлив преку љубовта која сме ја добивале и кога истата неможејќи да се трансформира надвор од нас бидејќи сакаме да ја задржиме за себе си ,се претвора во омраза или одбивање.
Оттука едноставен е одговорот на поставеното прашање  -Како човек да биде среќен!
Тој не треба да се поистоветува како центар(творец) на сите енергии,активности или дела.Или кусо кажано...
 
 
Во секоја состојба предизвикана од твојот УМ,јавно или тајно во себе си благословувај ја твојата непосредна околина!
 
Доколку си шудра(работничка каста) благословувај го газдата за кој работиш.
Доколку си вјаишија(трговска) благослувувај го купецот.
Доколку си кшатрија (војник,полицаец,политичар) благословувај го одржувај го божјиот ред,а благословувај и заштити ги неговите посветеници.
Доколку си браман(свештеник,божји советодавец,астролог,) благословувај ги сите и пренесувај ја божјата вистина.
 
Овие благослови директно влијаат на чакреното поле на поединецот,а со нивно стабилизирање станува заштитен и среќен поединецот,семејството,жителите во селото,градот,државата,планетата Земја и севкупната креација.
Кажаниве работи не се нови ,но повторно и повторно треба да се пренесуваат,посебно денес во т.н. Кали Југа -време на кавги и неслога.
AttachmentSize
chakra-energetska-sostojba-vo-horoskopot-astrologija-golem-format.jpg130.07 KB
chakra-chovek-prostor.png277.46 KB