Бобан Бабунски фудбалер селектор

Бобан Бабунски Џотиш –Индиска астрологија Кардинален  представник  -да се биде прв!
бобан баунски македонски фудбалер и селекторБобан е роден под влијание на месечината во водениот знак на Рак или по индиски Катака ,додека среќната ѕвезда на раѓање е Пушја- чиј владател е „старецот“ меѓу планетите Сатурн. 
Пушја среќната ѕвезда на Бобан 
Митолошки Пушја се поврзува со Брихаспати кое е друго име за Јупитер.Во себе има исцелителско влијание и ги открива спиритуалните потенцијали.Представена е со импозантен човек,а симболично нејзината продуктивност е представуваат со виме од крава.Учител ,министер или водач во професијата која се одбира се некои од карактерните црти на оваа ѕвезда доколку е силно поврзана со планетите!
 
Месечина   Рак
Сонце  Овен
Подзнак Овен
 
да се напредува,да се кити,да украсува ,да се замавне-мафтање,да се негува и одгледува,да се раширува,да се забавува и ужива,да парадира,да дегустира,да изложува,да докажува и објаснува,да се „перчи“,да стекнува и добива,да цвета,дава елоквентност и мудрост со годините 
 
Психологија  
 
Месечевиот знак Катака-Рак ,кај Бобан е седиште на самата  
Месечина и нејзиното влијание тука е најсилно!Нагласени се чувствата и потребата да се „грижи“ за некого!Емоциите се сокриваат и само ретките пријатели знаат за топлината на овој знак и неговата пријателска пожртвуваност и лојалност.Кардинална природа(нон стоп во движење),напреду ва со помош на нозе велат старите текстови за Џотиш.Идеален како соработник доколку „еталонот“ е пожртвуваност,работа и лојалност!Нежен родител ,но понекојпат „догматски“ настроен,кој „претерува“ во загриженост за своите поколенија.Променливост во расположение е карактеристика за знакот,а под директно влијание е на расположението на околината!  
 
Подзнакот во индиската астрологија(Лагна) кај ,Бобан е во Овен(Меша во Џотишот) ,под влијание на планетата Марс која кореспондира со секаков вид на физички и спортски активности.Планетата која е поврзана со спорт и забавите,Венера е високо поставена во зенитот од Чандра лагна,и е во спој со егзалтираното сонце во Овен.Венера како владател на второто и седмото поле е аспектирана од Јупитер и се формира Саткалатра јога.Ваквата Џотиш позиција ,дава соработка со племенити и благородни личности,а животната партнерка(сопруга) е со добри и благородни  квалитети.Воедно Венера ја формира Паривартана Јога со Марс, што е сигурен показател за спортски живот и успех поврзан со истиот!Егзалтираното Сонце ќе му донесе успех и допир со јавноста и просперитет,посебно после 2014 и 2015 година.Се советуваат нашите спортски работници да го имаат ова во предвид,бидејќи постои можност овој успех и слава да го споделува со некој друг клуб или земја!Дотогаш неговата кариера ќе „еквилибрира“,а добрите и успешнио периоди се после април и ноември 2005(финансиски инвестирања и договори)до 2008 јули август!Сепак оваа животна фаза не е целосноповолна и можни се проблеми после јануари 2007 и февруари 2008 кои иако краткотрајни ќе предизвикаат „недоразбирање„ со странци околу толкување на договори!Од блиска иднина можни се „мали“ емотивни проблеми јули и октомври 2004,после јуни и декември 2005.Тоа е така наречениот почетен Саде Сати,период на емотивни промени и трансформации и корисно е во таков период личноста да се фокусира на дневни промени и да се менува,учи и прилагодува, бидејќи искуството „спечалено“ во животот не може да и помогне!Доколку се учи од помладите,не се затвара со проблемите во себе(се споделуваат и се прифаќаат советите),периодот иако е „успорен“,на крајот донесува капитален квалитет на емотивно но и материјално поле.Инаку тоа се тешки години кои ја „замрзнуваат“ емоцијата и се одалечуваат од блиските и пријателите!Доколку се прифати „промената“ во себе си,тоа е период на духовна трансформација и нов животен почеток,со ценење на „есенцијалните“ вредности во животот!
Што се однесува до месечните предвидувања успесите се најчесто околу неговиот роденден(значи успешни април-мај-јуни),крајот на август и декември!Во овие месеци може да е во пораст, неговиот спортски рејтинг и да се пишува за него!Многу брзо ,пролеттниот период 2004 ќе  има успешна промоција во неговата кариера.Нека му е со среќа! 
наталнава карта изработена и објавена во магазин 2003
AttachmentSize
ina_br.14_astrologija_simeon_atanasoski_boban_babunski.doc15.09 KB