Биткои 10000 долари надминат

Биткоинот ја помина границата од 10000 долари , а тоа е воедно неговиот прв петоцифрен максимум.Некои аналитичари на интернет прогнозираат можен негов раст и максимуми до 40000 долари.Во наредниот период ќе следи астро анализа и можни предвидувања со крипто валутите.

биткоин првпат петоцифрен

Comments

Биткоин ја мина границата од 15к = 15000 долари

БИТКОИНОТ СО НОВ РЕКОРД

...ја мина и границата од 15к = 15000 долари Кризата околу Кореите и најновата одлука на Трамповата администрација да ја пренесат својата амбасада од Тел Авив во Ерусалим,отвара повеќе прашања зошто е овој „тајминг“ одбран, иако оваа одлука на САД е уште во далечната 1995 година.Па и пожарите кои беснеат во Калифорнија во моментот ,треба да се анализира дали се подметнати и евентуално дали се поврзани со растот на криптовалутите!

Биткоинот ја прескокна летвичката од 17000 долари

За неполна недела Биткоинот ја помина и границата од 17 000 долари.Многумина коментираат дека неговата вредност е „балон“ кој може да пукне ,но се заборава дека неговата вредност е втемелена на можно пукање на балонот! Тоа значи дека ваквата „пирамидална“ валута и останатите криптовалути имаат еден монетарен развој до својот максимум , за да потоа се доближи до границата на волатилност или 1.реална нестабилност за период од неколку дена до неколку недели , 2.реална историска нестабилност која е мала но мерлива, 3.реална идна нестабилност која е поврзана со економските формули на економиите на државите како и 4.геополитичките влијанија пред се рушење на економиите на држави кои се неспремни заради нивната - „централизирана“ економија односно договорите им се интерни ,а не меѓународни со заштита на капиталот на богатите.Па и ова не е доволно! Имплицираната негова нестабилност зависи меѓу другото и од „сопствениците“ односно од нивниот збирен т.н биткоин волумен кој може да ги диктира флуктациите на валутниот крипто пазар. Важно е да се третира , дека овие засега непроверени , околу 40% сопственици во самата криптовалута може да влијат на неговата волатилност, но со тренд на раст во однос на класичните валути.Ова е само воведно мислење,за да се има во предвид со кои варијабли треба да се пресметува,за да се дојде до предвидување за неговиот раст односно пад.Замислете само доколку неговата граница на пукање или пад на вредноста е 60000 долари ,па и повеќе спрема некои економски аналитичари овој балон , ќе отиде во стратосферата пред да пукне.Како и да е првични мои астро анализи за неговата волатилност , следат во наредниот период.

14к или 14000 долари за биткоинот

Момента​лно цената на Биткоинот се приближува до 14000 долари.Во моментов е 13 800  со раст од 17 проценти ,односно бројките се менуваат како да е часовник а не вредност на криптовалута.Еве само додека се пишува овој коментар цената се искачи на 13825 долари и 18 процентен раст.