Астро прогноза Берзански промени и биткоин раст во точни денови

симеон во карирана кошулаАстро Предвидено до ден! 
Успешно астролошко предвидување во сферата на мундана астрологија, пред се во областа на економско предвидување.Точно до ден! Истото е објавено во јавноста при крајот на 2018.Ова е ретко предвидување во светски рамки,доколку се земе во предвид дека истото ,ги содржи одговорите кои моментално се актуелни во светот,но објавени 4 месеци порано.
За да се објави вакво економско предвидување, треба астролошка студија со компаративна анализа на наталните карти на повеќе држави во  светот (САД,Кина,ЕУ,Русија,Венецуела,Либија, Иран,Ирак,Сауди Арабија),да ги анализирате индексите на брент суровата нафта во минатото ,односно историските минимуми и максимуми, да претпоставите можност за отпочнување на војна во светот која директно е засегната со индексите на нафтата на берзите,да го претпоставите моментот кога сите овие предуслови созреваат и таквиот материјал доволен за докторска дисертација или барем пишување книга,да го објавите во куса форма....
 
цитирам моја изјава при крај на декември 2018 доказ за предвиденото
Успех на трговци во светот ,промена во берзи и крај на април и мај криптовалута
посебно 23/4 ;1/5/2019 и 9 мај 2019 “
 
Моментално најнова вест е за рекордот на биткоинот ,незабележан во последните неколку месеци.Неговата цена нагло порасна во предвидуваниот период при крај на април,а во деновите
  • 23 април 2019 цената за еден биткоин 5550 долари ,нагол скок на вредноста
  • 3 мај 2019 цената за еден биткоин порасна на 5774.58 долари
  • 9 мај 2019 е третиот предвидуван период за промена   
  • и моментална цена е 6,053.89 долари за 1 биткоин .
Но и ова е само еден мал дел од информацијата. Да ,пионерски направите истражување за криптовалутите кое е реткост во светски рамки ,од кого стравуват и економските „волци„ на Вол стрит,бидејќи нивните дилери неможат ни приближно да ја контролираат понудата и побарувачка и затоа не се засега заинтересирани за поголем удел во овој пазар. Всушност ретко кој во светот ,се обидува да даде прогноза за криптовалутите ,а причината е несигурни податоци на оптекот на средства,нивното уништување или прикривање-лошо работење на т.н. биткоин менувачници ,како и се уште слабата регулатива на државите ,во однос на правилата на економската криптовалутна игра.Некои држави во Еу ,САД ,Кореја создаваат побезбедна зона за работење преку регулативи ,но се уште постои можност за манипулација,која е пропорционална за граѓаните во недоволно информираните држави - односно нивните економски стручњаци. И со право! Мое слободно размислување е дека само малкумина во светот ,ја разбираат флуктацијата на крипто валутите. Бидејќи да ја разбираат ,ќе можат и да постават минимална економска формула на волатилност и дадена кусо рочна и среднорочна прогноза ,на минимум и максимум и толерантна грешка .Но, освен шпекулативни написи со очекувања (на времето се говореше и 100к долари за еден биткоин), изостанува квалитетна и проверлива во пракса анализа.
 
 А веста за криптовалутите, во нашата Македонија е објавена 4 месеци порано со дадени денови кога криптовалутите - нагло го менуваат економскиот крипто графикон....И тоа со помош на ведската астрологија...Доволно да се истражува овој економски простор и да се допринесе на поставување на економска формула со толеранција на грешка ,која ги задоволува пазарните услови на работење и пред се дозволува задоволни трговци.
 
 ...покрај ова предвидување беа спомнати и берзите.Постои одредена взаемност помеѓу цената на нафтата и берзанските индекси,но полека се приклучуваат и криптовалутите во оваа економска игра.Јас во моите анализи го забележав ова влијание,неколку години порано ,па и за оваа година го подготвив како кусо предвидување.
 
според американската Агенција за енергетска информираност
американското производство на суровини од седумте главни шкрилци веројатно ќе се искачи на 8,46 милиони барели во мај. Следствено, ова веројатно ќе ги намали цените, а Брент ќе падне од 70 долари за барел во текот на втората и третата четвртина од тековната година до околу 69 долари до крајот на годината.Цената на нафтата,секако зависи од голем број на фактори, но во моментот се клучни одлуката на председателот на САД Трамп да го стави Иранскиот извоз на нафта на нула(санкции).Само како споредба во ноември нафтата беше падната на 50 долари/барел ,а тогаш Иран имаше дозволa за извоз.
график раст и пад на нафта брент и знамиња на сад русија венецуела
 
Две држави Венецуела и Либија директно влијаат моментално на корекции на цената на нафтата на светските берзи.Порталите во делот за економија во цел свет со идентични написи, за големите флуктации на цената, а како последица на очекување на војна разврска во Венецуела.
Насловите како : „Венецуела во хаос“, „САД го подржа воениот пуч“, „Цените на нафтата одат нагоре“ се само последица на вознемиреност на берзанските индекси.
Одлуката донесена од 31 економисти кое го пренесува реномираниот „Ројтерс“ ,со предвидување дека цената ќе остане висока до крајот на годината. Информацијата е дополнета со очекување за компензација на намаленото производство на нафта ,заради кризните региони пред се Венецуела и Иран.
 
Според американската Агенција за енергетска информација се очекува Брент нафтата да падне до околу 70 долари до септември 2019 и да се задржи на 69 долари
при крајот на 2019.Ваквиот нивен став делумно е поткрепен со 8,46 милиони барели добиени од американското производство на нафта добиена преку нивните извори на шкрилци во месец мај.
Американскиот нафтен шкрилец, пред само четири години(2015) беше понеисплатлив со втора втора најскапа нафтена цена во светски рамки: Сега(2019) по кризите во светот(Либија,Венецуела,Блиски исток,Иран), по нафтените полиња на Блискиот исток е втор најевтин извор на нафта во светот.
 
Rystad Energy“ во последната анализа на цената на набавка за просечната цена на бруто сурова нафта на Брент изнесува 46 долари за барел, додека цената по барел за нафтените копнени полиња во Саудиска Арабија и други Земјите од Блискиот Исток е само четири долари над просечната цена на нафтата,односно 42 долари.
 
Другите анализи за 2019 година,го потенцираат Блискиот Исток за најевтин извор на набавка,а веднаш по него е нафтата од шкрилец(САД).
 
Оваа економска игра во светот , кој ќе ги пушта светските славини со нафта, се затегнати односи меѓу ОПЕК и САД ,кои сакаат контрола на извозните картели(NOPEC).
 
...дополнета информација на 9 мај 2019
 
Треба да се истакне мојата јавна објава за крипто пазарот и берзите:
 
„Успех на трговци во светот,промена на берзи крај на април и мај криптовалута ,посебно 23 април,1 мај 2019 и 9 мај 2019“
 
Ова е уште едно успешно предвидување во сферата на економија ,но само преку астролошки методи!
На почетокот на годината јавно е објавено,а самата информација е престижна во светот на економијата и пред се глобалните економски политики.
Растот на криптовалутите ,започна со првиот регистриран марсотрес околу 4 април 2019 ,што го испрати до „Земјаните“ техничката лабораторија на Инсајн-моментално позиционирана на тлото на Марс.
Но...како што се предвидуваше при крајот на април и тековно во мај ,забележи сериозен раст,незабележан од ноември 2018 ,кога цената се движеше околу 6400 долари за да следи нагол пад и губење интерес за крипто пазарот.
 
Ова влијание на криптоберзите ,започна со младата „двојна месечина во риби, а од серијата на мои досегашни анализи се покажува ,посебност на берзанска флуктација на пазарот на крипто валути ,кога се јавуваат двојните знаци,што се коментираше јавно на светски форум за астрологија .Сатурн,Јупитер,млада месечина и месечевите јазли ,а под влијание на меркур и јупитер,говори делумно зошто се даде ова предвидување при крајот на декември 2018 година.
 
Графикот на берзанските движења јасно се истакнува , како што се предвидуваше скокот на криптовалутниот пазар.Ова е важно затоа што истиот бележеше квартална стагнација и бледо се спомнуваше во економските вести.
 
Моментално кога првпат е пишуван овој текст, топ вест е токму за спомнатиот и предвидуваниот 24 април 2019 ,а денес 9 мај 2019 надмината е оваа цена и негов раст.
Крупто фондовите се топ вест во моментов, со рекорден раст од 15 милијарди долари.Треба да се истакне дека Волстрит не ја прати оваа зголемена финансиска активност со неверојатен рекорден дијаграм на крипто хеџ фондовите,од почетокот на годинава. 
 
од Крипто Фондот со топ изјава:
 "Ние сме во чекор со рекордни 200+ нови стартувања за 2018 година, вклучувајќи крипто хеџ фондови, крипто вложување средства и крипто приватен капитал".
 
 
Големите банки кои се со голем удел во трговијата на Вол Стрит од , акции,обврзници, стоки и странски трансфери и размени : „Goldman Sachs Group“ ,„JPMorgan Chase“,  „Bank of New YorkMellon, делуваат пасивно и неподготвено да се префрлат во криптовалентен пазар,што само по себе бара сериозна економска студија!
 
Важно е да се истакне и наметнувањето на за влез во крипто пазарот на Facebook, со предвидување од нивните експерти за дополнителен приход од 19 милијарди долари , очекуван до 2021 година.Истиот треба да се реализира преку размена на можеби првата социјална криптовалута т.н."Фејсбук монета".Тоа отвара простор,за размислување на цената на интелектуалниот труд ,да ја губи битката со неформалниот и забавен пристап на информации ,но со тенденција и во корист на вториот.