Берзанска анализа злато 3 дел

Берзанска анализа  

Изминативе 3 недели повеќето од Вас кои го проследија написот за златото,беа во очекување дали астролошката прогноза која беше дадена за цената на златото ќе се оствари.Најавени беа „црните петоци“ ,а можете самите оценете дали беше точно предвидена.Слика подоле

berzanska_analiza_zlato
Златото на берзите се искачува односно опаѓа цело време ,но ретко се случува да од 1762.90 долари за унца,опадне на ниво од 1563.800 долари за унца.Тоа
е 200 долари/унца разлика.Или приближно ќе заработевте 15-20000 долари доколку имавте на берзите купено злато во вредност од 150-180 000 долари,а го продадевте во најавениот ден од црните петоци.Некој берзански или економски аналитичар ќе рече дека кај златото ретко но сепак се случувале вакви промени на вредноста на овој племенит метал за 200 долари(!!!),но доколку му споменете дека некој Симеон од Македонија,истото го напишал неколку дена пред вредноста нагло да опаѓа нарекувајќи ги точните денови на опаѓање како злато и црните петоци во декември (дадени се точните денови извор објавен на веб страната АСВЕДИК линк zlato prognoza dekemvri2011   ,можно е да не ве смета за сериозни.Како и да е ...ова е уште едно прецизно предвидување(ведска астрологија) што насочува да се земат во предвид астролошките закони кои се поврзани со побарување односно со продавање на златото. 

Планетите и одредени ѕвездени констелации ја менуваа електромагнетнита осцила ција на светлоста,а истата влијае на промена на расположението кај брокерите на берзите,шефовите на држави односно најбогатите луѓе на светот кои тргуваат со злато.Тоа изминативе три петоци се покажа со пад на вредноста на златото за 200 долари по унца.Затоа е кажано дека ќе има за што да зажали кралот,кој не се консу лтира по важни одлуки со првиот советодавец во кралството-односно кралскиот астролог.