Авионска несреќа на аеродромот во Казан Република Татарстан

Авионска несреќа на Боинг-737 Казан 

 
Боинг 737 патничкиот авион се урнал денеска при слетување на аеродромот во Казан. Авионот на авиокомпанија „Татарстан“  полетал од Московскиот аеродром Домодедово.По известување на Министерството за вонредни ситуации на Република Татарстан несреќата не оставила преживеани.Истата вест е потврдена од руската агенција Интерфакс -цитат:
„Во 19,26 додека слетување на аеродромот во градот Казан, "737", лет 363 авиокомпанија "Татарстан", поаѓајќи од Москва аеродромот "Домодедово" во Казан со 44 патници, паднал на авионската писта и се запалил.Сите во авионот патници и членови на екипажот загинале. Првично беше објавено дека погинале 44 луѓе. Според некои податоци, во авионот биле 50 луѓе,и никој не преживеал.“
мапа москва казан со белорусија и украин
Информациите објавени на Федералната воздушно транспортна агенција (Rosaviation), е вкупно 50 патници.Шест членови на екипажот и 44 патници.
 
Првата пораката за несреќата е заведена во 19:25 МСК (Московско време(МСК),по македонско време 16:25) ,додека боингот требало да слета 19:40MSK (16:40 по македонско)  на аеродромот во Казан. Аеродромот е затворен пред 23:00 MSK(20:00 македонско) 
 
 
Шеф на одделот за пропаганда и за односи со јавноста на Министерството за вонредни ситуации на Татарстан, Андреј Родигин, дал изјава за Интерфакс дека авионот "експлодира" за време на слетувањето. Одговорните од Контролата на воздушниот сообраќај на аеродромот ,објавија дека авионот неуспешно се обидувал да слета,а по вториот обид авионот ја допрел пистата некаде во близина на контролната кула и експлодирал.-изјава на портпаролот Сергеј Исвољски (Руска авијација).Можните причини за несреќата не се наведуваат.Листи на жртвите од авионската несреќа во Казан се објавени на официјалната веб страница на Министерството за вонредни ситуации .
список ма жртвите и човек со мобилна снимка
 
Телевизискиот канал Русија-24 објавил дека претседателот Владимир Путин нареди итно да се формира комисија,која ќе ги истражи причините за несреќата.Првите проценки се за пилотска грешка или технички дефект на командите за слетување.Временските услови може да се земат како неповолен фактор умерен снег и дожд,а ветер од 8метри/секунда до 12м/с.Авионот стартувал со првиот лет 18јуни 1990 (23 години 5месеци) 
 
Роднините на загинатите во авионската несреќа во Казан ќе добијат 2.000.000 рубли надомест(45486 Евра), без оглед на причините за авионската трагедија, изјави првиот заменик-претседател на компанијата SOGAZ Николас Галушин. "Станува збор за бројка од 2.000.000 рубљи во согласност со воздухопловниот законик на Руската Федерација", - дал изјава Галушин за ТВ канал "Русија-24" .
 
Аеродромот во Казан е затворен,а летовите се пренасочени кон аеродромот Бегишево и аеродромот Уљановск-Восточни.контролна кула на аеродромот во Казан
 
 Искрено сочувство до Претседателот на Татарстан Рустам Миниканов(Rustam Nurgaliyevich Minnikhanov) роден 1 март 1957 ,во врска со смртта на неговиот син Ирек Миниканов е упатена од агенцијата "Интерфакс" . Сочувство е упатено до семејствата на сите загинати во оваа трагедија.
 
Меѓународниот аеродром во Казан е затворен до 00:00 MSK на 18 ноември 2013.
AttachmentSize
boing-737-kazan.jpg49.04 KB
aerodrom-kazan-kontolna-kula-2.jpg51.43 KB
aerodrom-kazan-kontolna-kula.jpg42.34 KB
mapa-moskva-kazan.jpg47.04 KB
moskva-kazan-distanca.jpg28.55 KB
prva-pomosh-avionska-kazan.jpg123.01 KB
avionska_nesrekja_kazan_2013.txt9.53 KB