Прецесија

sto_osum_chakra Во моите јавни настапи во почетоци на минатиот век(90-те), се обидував да ја промовирам ведска астрологија во Македонија,и посебно ја истакнував прецесијата и нејзината важност во однос на пресметка на времето,календарите,а посебно при пресметките за изработка на натална карта-Џатака во ведската астрологија .Навестував за грешките кои се јавуваат во западната тропска астрологија,пред се заради промена на позицијата на планетите,подзнакот-(асцендент или лагна во џотишот).Астрологијата и хороскопот во Македонија,тогаш па и денес(2011),не се третирани на соодветен начин,заради сложените пресметки и закономерностите кои ги побарува оваа основна и непроменлива наука.Истата е втемелена на концептот на осцилација на светлината божја,и како истата влијае на живата и неживата природа,односно на светот на илузија(маја во индискиот концепт) и божјиот предел.Да се објасни осцилацијата на светлина,погледната низ ведската астрологија можеби во некој друг пост,но само како вовед ,треба да се истакне електромагнетната инфлуенца која се распростира во секоја точка на нашата планета,а која доаѓа во бранови(видливи и невидливи) ,преку разните осцилации на одбиената светлина.Овие осцилации кон земјата се слеваат континуирано односно дисконтинуирано(планетно движење),и повремено со мал прекин за време на окултација кај планетите меркур,венера,марс,јупитер,сатурн,нашата месечина (од планета земја) и ѕвездите . Се разбира дека ова влијание е најголемо на нашата најблиска ѕвезда(Сонцето-Сурја во ведската астрологија),но секако дека и светлината преку 27 накшатри-ѕвездени констелации,влијае на живата односно неживата природа на нашата планета.Осцилацијата на светлината во ведската астрологија,се третира во субатомско ниво ,па имаме Д1 раси,Д2 хора,Д3 дрекана,итн...се до Д150,надиамса,односно Д300 арда надиамса.Арданадиамса е поле од 6 агловни минути(аркана) ,кое трпи влијанија за најфини разлики на осцилација во наталната карта.Се разбира дека доколку е потребно може да се проникне и во поситен дел од зодијакот,за да се пресмета влијание на светлосната осцилација.Хороскопот на сијамските близнаци,може да биде објаснет со надиамсата или со арданадиамсата.Тука и е одговорот на прашањето зашто имаме взаемен поврзан живот,кој е детерминиран со раѓањето на овие близнаци,каде светлосната осцилација и електромагнетниот флукс сихроно влијаеле на поделбите на клетките и на тој начин создава идентични животни патеки, уште во самата поделба на оплодените јајце клетки.Ардианадиамсата кај нив може прецизно да се пресмета.

продолжува...