Prikazna za Saturn 8 posleden del

 Кралот Виркама не знаел што се случува во палатата на кралот Чандарсена, но почнал да се грижи бидејќи дошол крајот на тие седум и пол години, а Богот Сатурн сеуште го немал покажано своето милозливо лице. Дали Сатурн беше задоволен од мачниот пат што го поминал Викрама?

Додека Викрама размислувал, Сатурн се беше исполнил со милозливост кон него и застанал пред него. „О, кралу Викрама, ме препознаваш ли? Јас сум Богот Сатурн. Кажи ми дали се напати многу поради тоа што ме навреди?“. Кога го видел, кралот Викрама посакал да клекне пред него, но бидејќи немал стапала паднал на земјата преку нозете на Сатурн. Тогаш Сатурн рекол: „Браво Викрама за твојата трпеливост, навистина преживеа голема мизерија, сега кажи што посакува твоето срце од мене?“

Викрама преплавен од емоции рекол: „О, Голем Владетелу единствено што посакувам е да ми ветиш дека никогаш никого повеќе нема да го ставиш на вакви маки како што ме стави мене! Посакувам вакво нешто да не му се случи на никој друг, никогаш повеќе.“

Сатурн бил пријатнo изненаден од таа молба и рекол: „Можеше да побараш да ти се вратат рацете и стапалата, но ти ја почувствува болката на другите во твоето срце и несебично го побара овој благодет од мене кон другите. Многу сум задоволен од ова. Толку сум задоволен што ти ги враќам рацете и стапалата како што ти беа.“ Откако го кажал ова Сатурн, на кралот Викрама му се вратиле рацете и стапалата. Одеднаш исчезнале сите лузни, бори, исцрпеноста од неговото тело и лик што укажувале на маките и страданијата низ кои поминувал и тој повторно го вратил својот исклучително привлечен изглед.

Викрама понизно се поклонил и повторно го замолил Сатурн повеќе никого да не измачува онака како што тој беше измачуван.

„О, Викрама, измачувањето е тоа што јас го правам, да знаеш само како го измачував својот гуру.“

Неговиот гуру го молел да не влезе во констелацијата каде што е неговата месечина, но Сатурн рекол дека мора да го стори тоа, бидејќи тоа е негова должност. На крајот се договориле Сатурн да не престојува во неговото поле седум и пол години, туку само 22 и пол часа, но и за тоа време неговиот гуру бил сурово измачуван. Потоа Богот Шива, тој се криел седум и пол години во водите на реката Ганг кога дознал дека Сатурн влегува во неговото поле. Сатурн знаел каде е богот Шива, но сметал дека самиот престој во водите на реката цели седум и пол години се доволно мачни. Дури и Кришна бил измачуван од Сатурн. „Измачувањето - тоа е мојата должност!“

Но Сатурн го понудил следниот благодет: „Нема да го измачувам оној што ќе ја слушне оваа приказна и оној што ќе ја пренесе понатаму на другите, тоа особено треба да го прави во саботите.“

Сатурн му рекол, „сега заврши твоето саде сати и можеш повторно да се издигнеш во секој поглед.“

„Величенствен господару Сатурн, како што ја покажа својата милост кон мене, покажувај ја и кон другите.“

„Нека биде така,“ кажал Сатурн и исчезнал, оставајќи го Викрама како многу помудар и потрезвен човек одошто бил пред саде сати.

Следниот ден кога принцезата го видела Викрама, кој веќе не бил осакатеникот без раце и стапала, останала вџашена. „Што се случи? Како ти се вратија рацете и стапалата?“

Викрама го открил својот вистински идентиет пред неа и ја раскажал целата приказна.

Кралот Чандрасена се разбудил од својот сон и поитал во собата кај Викрама. Кога го видел, тој веќе бил оној стариот привлечен и харизматичен крал Викрама. Кралот Чандарсена не го препознал и го прашал: „Кој си ти?“ Викрама рекол: „Јас сум крадецот кој го украде ѓерданот од трговецот“. „Гледам, но твоите раце и стапала беа пресечени. Ќе ми ја објасниш ли оваа мистерија?“. Викрама ја раскажал целата приказна. Тогаш кралот Чандарсена му ја понудил раката на својата ќерка и пратил луѓе да го повикаат трговецот кој го обвини кралот Викрама за кражба.

Кога дошол трговецот кралот Чандарсена го прашал дали му се вратил ѓерданот? Трговецот рекол, „Да кралу, лебедот од сликата го беше голтнал, но денес го врати. “

„Е, трговецу сето ова се случи поради големиот бог Сатурн, тоа беше негова казна, а ова е кралот на Уџајини, Викрама.“

Трговецот побара прошка поради лажното обвинување и големиот крал Викрама рекол: „Трговецу, тоа не беше твоја вина. Богот Сатурн беше лут на мене.“

Слушајќи го ова трговецот ја понудил раката на својата ќерка, како и огромно богатство како мираз за ќерката. Потоа кралот рекол да го повикаат сопственикот на мелницата за масло, каде што работел кралот Викрама. „Дали го препознаваш својот вработен трговецу со масло“, го запрашал кралот Чандарсена. „Многу личи на него во ликот“, одговорил трговецот со масло. Кралот Чандрсена и нему му ја раскажал целата приказна.

Тогаш кралот Викрама на трговецот со масло му го подарил целото село и го прославил својот брак со принцезата Падмасена. Прославата траела цел месец, потоа тој со својата сопруга тргнале кон Уџајини. Во Уџајини сите го прославиле неговото враќање дома. Викрама следниот ден побарал да се подигне храм во чест на Богот Сатурн, кажувајќи дека: „Сатурн е најмоќна од сите планети!“.

Сите што со целосно внимание и посветеност ќе ја слушнат или прочитаат приказната за Сатурн ќе доживеат големо олеснување од мизеријата и страданијата.