Oven prviot znak vo zodijakot

Овен е кардинален хороскопски знак активиран преку елементот на огон.Донесува живот на акција на својата непосредна околина.Полната месечина во овен донесува нови почетоци,и планови во животот,но и ја надминува неодлучноста својствен на опозитниот знак на тула или терезија.Тоа доведува до потик и акција за нови идеи,личноста сака да се натпреварува со самата себе си и ја нагласува потребата да се биде во центар на збиднувањата.Овенот или Меша во ведската космогонија се поврзува со првиот зодијачки знак,а среќните или несреќни ѕвездени констелации(во зависност од кармата) на накшатрите,Ашвини,Барани и Критика,различно го поларизираат ваквото раѓање и донесуваат нагли промени во животот.

 Кшатријската(воинствено-политичка)  енергија е основата на знакот,а ова влијание донесува енергичност,машкост,импулсивност,немилосрдност,беспрекорност,директност и смелост во животот.

На емотивно поле пред се во љубовта знакот на Овен(Меша) е освојувач,отворен во своите намери,директно ги искажува своите чувства и брз на предлози.За него важи девизата земи ли остави,но со упорност до крај.Донесува немир во својата околина,пред се заради неговата потреба да биде во центарот на случувањата и да се случа неговиот глас.Не е важно дали е во право!тој верува во себе,без разлика дали сите му велат да се вразуми и да го прифати и мислењето на неговиот опонент.Нови почетоци се поволни кога е Месечината во Овен,и во брзите накшатри(ѕвездени констелации),црвената и златната боја донесува заштита доколку марс и сонцето се со нагласено влијание,пред се доколку атмакарака е под кшатријско влијание.

Поволно за занимавање со пионерски,промоторни професии,со политика,војска и полиција,естраденживот ,медецина и секаков вид алтернативни техники на лечење.Во зависност од јогакарака планетата и првите 3 животни периоди може да се препорача и електротехника,електроника,одржување на механички системи и работа со компјутери(хардвер односно софтвер).Доколку сонцето,сатурн и марс имаат негативни аспекти(со подзнакот) треба да се внимава на глава пред се горна вилица-синуси,очен притисок,главоболка,повреди и сл.