Предвидени настани мундана астрологија 2017

текст настани кои се предвидоа за 2017

 

Астрологија Настани кои се предвидуваа и ја одбележаа 2017

 
Само што стартува новата 2017 година , во светот беше забележана првата поголема авионска несреќа на Боинг 747-400. Предвидувањето беше дадено до ден,односно се предвидуваше околу 16 јануари 2017 за авионски пад. Потврда за точноста на ова предвидување , беше авионска несреќа на Боинг 747-400 , во близина на селото Дача-Су (43°03′26″ северно 74°26′14″ источно, предградието во Киргистан) ,  каде загинаа 39 лица.При оваа несреќа од силата на ударот во населеното место , беа уништени најмалку 15-тина куќи.Извор на оваа вест е потврден од Министерството за итни ситуации на Киргистан.
 
 
Оваа несреќа се случи на 28 фебруари 2017 , во Риверсајд . Предвидувањето за оваа авионска несреќа е дадено јавно во медиумите, како видео запис ,а потенциран е периодот околу 28 фебруари 2017 за авионски несреќа во САД . Истото освен на ТВ , е реобјавено и на мојот ФБ профил. Ова е ретко предвидување не само во Македонија ,туку и во пошироки рамки од полето на мундана астрологија во Светот.
 
3 и 4 Тероризам во светот април и Кризата САД Русија
 
 
Посочениот линк како потврда на дадените предвидување ,со серија на крвави терористички настани во април 2017. Најпрво во Санкт Петерсбург терор во метро станицата, па Стокхолм- влетување на камион со голема брзина со смртни последици кон цивили, а посебно со разлика од неколку часови , два крвави терористички во ист ден на 9 април 2017 во Египет.Биланс за оваа крвава прослава на верскиот празник Цветници е 45 мртви и 126 повредени (извор википедија) .
 
Воедно овој настан ја „поремети“ светската геополитика и ја префрли „топката“ кон истокот и двете Кореи.
Повторно јавно моја објава дадена во медиуми и реобјавена на интернет за тероризмот во светот по април 2017 и точно предвидена кризата американско-руската криза, односно Трамп-Путин. Кризата започна во предвидуваниот април , со првата воена интервенција во Сирија,а по наредбата председателот на САД - Доналд Трамп .Ова коректно јавно беше објавено и предвидувано во декември 2016.Нападите беа со испалување на 59 крстосувачки ракети од типот на Томаховк
 
5. Хакерски напад невиден од светски размери во 2017
 
сајбер напад со вируси поврзан со биткоин криптовалута
Предвидени Хакерски напад со години наназад незабележан во светот.Повеќе од 200000 жртви,односно повеќе од 300000 компјутери заразени , во преку 100-тина држави во светот. Важноста на истиот е поврзан со забрзан напредок на криптовалутата Биткоин ,кој забележа неверојатен раст на вредноста од 1000 проценти за само 11 месеци.Неверојатна вредност за 1 Биткои од преку 11500 долари во моментов на пишување (4 декември 2017) а преку 15000 долари денес, говори колку беше важен овој хакерски атак. Во мојот коментар во мај директно беше посочено дека хакерскиот напад со рaнсоmверoт „Wanna Cry“ може да е поврзан со Биткоинот и пазарот на криптовалути до 2020. Државниот Здравствен Сервис во Англија, Федекс (FEDEX) и Дојче Бан (Deutsche Bahn) , се еден дел од настраданите.Скоро сите оперативни системи на Виндовс(од Виста,Виндовс 7,Виндовс 8.1 и најновиот Виндовс 10) ,мораа да се ги фиксираат својот софтвер со „закрпи“ ,за да не дојде до поголема штета.
 
6.rouhani-2017
Само како потврда на предвидувањето е радикално завртување на Иранската како внатрешна така и надворешна политика .Токму во предвидуваниот период беше дадена изјавата за враќање на Иранската нуклеарна програма ,а 30 октомври 2017 ,скоро до ден беше предвидуван проблем во надворешната политика, па и тој лично во кулоарите на ООН одби да се сретне со Трамп.Точно беше предвидуван 1 ноември 2017 ,неколку месеци пред настанот.Завршница на ова предвидување за неповолноста на Иранскиот председател е изјавата на администрацијата на САД , за признавање на Ерусалим како главен град на Израел и преселба на нивната амбасадата.Оваа политичка одлука , ја менува геополитиката на Блискиот исток и многу работа за воено политичките аналитичари.
Индиректно ова влијание е насочено кон Русија(рускиот гас) и можеби Кина бидејќи е во близина на „Патот на Свилата“, а пред се како резултанта на руското присуство на Блискиот исток.
 
7. Иранска афера afera vo iran brat na rohani za pronevera
 
Уапсен братот на председателот на Иран поради финансиски малверзации 
Ова беше навестено како предвидување во наталната карта на Роухани објавена пред 4 години.Неговиот близок роднина брат , заврши зад решетки ,со подигнато обвинување за корупциски скандал и финансиски малверзации.Еве го цитираниот дел каде јасно се посочува корупциски и финансиски скандал :
"Привидно благ и умерен со нагласена потреба за правда,но и под тамас(незнаење) заради татковата карма ,која подразбира попустливост и осетливост на роднини од таткова страна кои можат неповолно да влијаат врз неговата работа.Можна е вмешаност на роднина од таткова страна со некаков корупциски скандал или финансиски шпекулаци.“ 
 
8.Земјотресите на Балканот
 
 
 
 
 
јавно дадено предвидување на тв медиум-постои видео запис
 
9.
Мексико земјотрес 8.1 рихтер еднаш во 100 години
 
 Само по неколку дена од мојата објава за очекување на силен земјотрес на Сан Андреас зоната потег кон Мексико , стресе разорна 8(осмица) и ги изненади сеизмолозите.Ова предвидување беше објавено јавно во медиумите а беше постирано на Фејсбук и на мојата веб страна.
 
10.
Тероризам во САД 
 
, а коректноста на ова превидување , се двата незапамтени крвави настани едниот на 32 кат од Менделеј Беј хотелот во Лас Вегас , со најмалку 50 загинати и 200 повредени лица.Вториот крвав настан на терор е забележан близу училиште во Техома  Калифорнија.
 
11. Поплавите на Балканот
 
poplavi na balkanot 2017
Поплавите на Балканот беа дадени скоро пред една година ,а беа посочени и деновите 7,13 и посебно неделата после 19 октомври.Поплавите кои зафатија Балканот се „протегаат“ ,од Хрватска

poplavi rijeka 2017

 ,Босна ,мал дел од Србија ,Бугарија и Грција имаше жртви.Завршеток на годинава и поплавите во Албанија ,беа дел од неповолноста на Сатурновиот влез во „Ганданта полето“ напуштајќи ја Вришчика(Скорпија).
 
12. Пукање во САД
 
 
За месец ноември , беше предвидуван и период од 13-20 ноември 2017 за тероризам во САД .Само како потврда на ова предвидување за тероризам во САД дадено пред 11 месеци е крвавиот вторник ,настан на 14 ноември 2017 во близина на основно училиште Ранчо Техома  и повторно во Калифорнија.Убиени шест лица ,а најмалку 10-тина завршија во болница.Случајно присуство на полицијата која веднаш го ликвидирало убиецот ,спречила да има поголем број на жртви.
 
13 Македонија во 2017
 
Околу Македонија во 2017 беше прецизно предвидена политичката состојба 
(дадени денови) ,со точни предвидувања на кризата на СДСМ и ВМРО ДПНЕ и ДУИ ,односно моментот кога од состојба на политички „статус кво“ до пролетта Зоран Заев (сега премиер) , доби на „политичка сила“ , а Али Ахмети со помал рејтинг и посебно Никола Груевски ја намали својата „светла популарност“ заради обвиненијата од аферите со прислушувањето како и изборниот резултат. Предвидувањето за крвавите настани во собранието на Република Македонија, беа објавени на мојот Фејсбук профил на 10 април 2017 , повеќе од две недели пред настаните на 27 април 2017,а потврда е објавата на Фејсбук.Овој период е спомнат во декември и потенцирано е гувернерот на НБМ , да не дозволи слично сценарио во последната недела од април 2017 како минатата(2016) со „вештачки“ создадениот банкарски хаос ,каде исплашени граѓани ги повлекуваа девизните депозити.Слично можеше да се случи и по 27 април 2017,а поврзано со настаните во собранието.Оттука оваа моја изјава дадена 4 месеци пред настаните, има соодветна тежина да делува превентивно за разни неповолни сценарии околу монетарната политика во Република Македонија, а на штета на граѓаните.
крвавите настани на 27 април 2017 предвидувани да се внимава
14 Кризата кај ДУИ април мај 2017
 
 Уште во декември 2016 се предвидуваше криза кај лидерот на ДУИ и можност за атак над него , па вистинска мистерија за јавноста, е како тој не се најде во собранието.Покрај настаните во собранието каде „најдебелиот крај“ се прекрши на Зијадин Села, додека лидерот на ДУИ покрај априлската криза , имаше погинување на близок сопартиец во Боговиње. Политичката состојба по 27 април 2017 ,беше напната и на моменти опасна да ескалира,па оттука предвидуваниот неповолен период за него ,може да се третира како коректно предвидување. 
објавено уште во декември 2016. 
се цитирам од тв „...пред се Април до мај многу незгоден за албанските политички партии ...пред се за ДУИ и од тие настани зависи, 2017 дали ќе биде поповолна или понеповолна...“
 
14 Трамп заканата за јуни 2017
 
...за председателот на САД Трамп се предвидуваше закана во јуни 2017 , вест во средината на јуни беше политички атентат ја тресе америка ранет конгресмен во здравствено критична состојба. Џејмс Хоџкинсон кој од засега неразјаснети намери пукал врз врз насобраните 20-25 републикански конгресмени. од кои двајца беа задржани во болница,а еден почина , додека неколку поминале со полесни прострелни рани. Ова беше топ вест за САД ,а лично Доналд Трамп и Меланија Трамп,ги посетиле повредените.
Медиумите пренесоа негова изјава  во март 2017 ,каде Хоџкинсон на својот Фејсбук профил напишал:
Трамп е предавник. Трамп ја уништи нашата демократија. Време е да се уништи Трамп и неговата дружина“ .
Во средината на јуни,тој во близина на Белата куќа пука во највисоки политички представници на САД.
 
и моето јавно дадено предвидување телевизиска изјава 
„...Новиот председател на САД се очекува дека ќе има проблематичен однос со Путин некаде во мај,тоа може да продолжи и во јуни спрема мене има една закана по него во тој јунски период...“
 
Соларната еклипса и САД во 2017
 
Ураганите ,пожарите ,поплавите силно удрија по САД годинава(2017) ,а што се предвидуваше пред година дена.Ураганот Харви ,како да подотвори врата за друг „ Харви ефект “и обвинувањата за сексуалните скандали кои ја тресеа САД . Многу подигнати,обвиненија,оставки ,извинувања до јавноста и срам донесе ова затемнување во Лав и Сатурн во сексуалниот знак на Скорпија.Твитеровиот хаштаг #Метоо ,заслужи место во википедиа ,а десетици илјади жени кои одговорија дека биле сексуално злоставувани и малтретирани ,само е потврда дека оние кои имаа моќ (Лав во зодијакот) ,заради квадрадот на Сатурн во Скорпија(сексуални афери од минато) и соларното затемнување (во Лав познати и славни лица), преку ноќ ја изгубија својата светла популарност и се здобија со темна популарност.Се почна од обвинувањата кон Харви Вајнштајн Оскаровец , со престижно реноме во светот на филмот.Хаштагот #Metoo стана вирален во САД ,а се пренесе и на светско ниво во 15 тина држави.