Осврт на предвидуван период во декември и даден неповолен сат и минути

Mедиите јавуваат за сообраќајна несреќа без посериозни последици о министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска,на улица Првомајска-населба 11 октомври.Беше дадено предвидување за неповолните денови ,но се даде акцент и за неповолни часови во овие денови.

цитирам:

„Егзактниот неповолен аспект е околу 15часот и 7минути за сообраќај(но треба да се внимава во наредните 2-3дена,посебно кога е сообраќаен метеж.Всушност планетната енергија е неповолна во четири временски точки: после 3 наутро,по 11 и веќе спомнатиот 15 и 22 часот .Ова е за ден 11 декември 2012.Истото продолжува и во наредните 2-3 дена ,со мала промена на зададените часови.Мудро е во овој период да се биде повнимателен.Овој текст нека ја зајакне интуицијата кај луѓето,за да можат да ги избегнат овие неповолни електромагнетни влијанија,кои се детерминирани преку небесната статика.“

Сообраќајката на министерката со службеното возило на МВР Фолксваген Пасат,се случило околу 11:30.

Предвидувањето е во целост исполнето со зададен ден,настан,па може да се земе дека и часот на настанот е во рамките на предвидувањето.Предвидувано е по 11часот,а се случило околу 11:30.Има уште една сообраќајка која е околу 14:20,што отстапува половина час од егзактното предвидувано време како максимална неповолност.

Овој настан не е изолиран,туку медиумите во Република Македонија имаме десетици сообраќајки,а од она што можеше да се провери на веб порталите,се известува за тешка сообраќајна несреќа со трагични последици на крстосницата помеѓу Дрезденска и Анкарска која се случила околу 14:20 часот.Се известува за серија на инциденти,за 50 сообраќајни несреќи и 60 повредени граѓани.Доколку се прифати и веста за преку 150 интервенции како последици на скршеници,јасна е сликата за силата на овој неповолен период од 3-4 дена.На претходен пост беше споменато за сериски судир на 10-тина возила,кој исто така се случи во предвидениот период.