Аришта Бханга откажување на малефични јоги

Аришта Бханга
-Гуру во трикона или кендра 
-Гуру или Шукра во кендра Сарва Аришта Бханга јога
-Меркур во кендра 
-Гуру на самата лагна
-Гуру во Карка,Мина и Дхана
 
-Полна месечина 
 
-Лагна господар силно поставен
-дневно раѓање Кришна пакша
-ноќно раѓање Сукла пакша
-силни кендра полиња со бенефични влијанија
 
-Бенфици во 6,7,8 неповрзани со неповолни влијанија на грахи
 
Сурја во 11 денско раѓање
Месечина во 11 ноќно раѓање
 
Повеќето(сите) планети во 3,5,7,6,8,11(ширшодаја знаци)
Парашара спомнува дека Сурја во Канија во 12 куќа го продолжува животот 
 
Голем благослов е да се родите со Јупитер во трикона или кендра поле,бидејќи неговато присуство во наталот ги намалува и спречува лошите работи и сериозните животни искушенија.Тие можат да се појават кога малефиците имаат сила ,но оваа јога ги поништува сите зла и ја води личноста со божја благодат и донесува мир и напредок.Јупитер е „добрата “ карма од минатиот живот односно побожноста,почитта кон духовни авторитети и давање на секојдневни жртви допринесуваат да се родите во семејство кои се со доблесни вредносни ,а духовноста е секојдневна служба во таквите семејства. Проценка на силата на оваа јога,треба да се одмери интелегентно во сите поделни карти ,да се процени доминантноста на дошите и дали силата во разните даши (животни периоди) може да одговори на неповолните аришта влијанија.
---
Баларишта е смрт во рано детство Аришта Бханга Јога го прекинува ова неповолно дејство
 
Баларишта Јога    - Месечината во (6, 8 или 12), аспектирана од малефици. 
Новороденото дете е подложно на рана смрт.Ова е неповолно но и различно влијание за комбинираниот ефект подзнак,поделни карти и периоди кои се совпаѓаат во рано детство
 
Баларишта јога Вакра граха   - Вакра (ретроградна)граха во 6,8,12 неповолно аспектирана во неповолен период,потврда во неколку даша системи и аштакаварга гочара
 
Баларишта јога со кендра граха - Сите малефици во кендра во јути со Месечината Посебно влијание на Куџа и раху-кету ,како и Шани кој ја слабее мускулатурата на знакот во кој е сместен.Влијанието кон Месечината е примарно,а кармата преку татко(сонце) е детерминант доколку картите Д1,Д3,Д10,Д12,Д30,д40 Д45 и Д60 најавуваат „клетви“ по родениот.
 
Баларишта Јога- Месечина,кендра,8 куќа -Осма куќа е делува преку обратен поларитет ,а во однос на подзнакот кој преставува глава и рани години од живот е во неповолна самбанда.Тоа подразбира да може да пренесе физиолошки дисбаланс односно пребрзо или преспоро,претопло или преладно,премногу суво или превлажно итн.Заштита од ова зло како што вели мудрецот Парашара е Гуру или силен бенефик во кона кендра поле. 
 
Баларишта Јога Месечина1,малефици7 - во прво поле Месечина може да е бенефик , но само доколку се надмине критичниот баларишта периодот на рани години. Ова посебно важи доколку и седмото поле од неа има малефици посебно кои силно влијаат на дошите во телото со органи кои во рано детсво се важни.Неколку пати се потенцира дека една јога сама по себе не доволно и само процентуално влијание на заклучокот ,а пресудата се донесува кога сите фактори за баларишта се испитаат.
 
 
Баларишта Јога - Јупитер ослабен и без сила,Месечина1, Сатурн12, Марс8, Сонце9 (бројките покажуваат поле или куќа)Ова влијание доведува до рана смрт доколку е јупитер е победен во планетарна војна ,а малефиците здружено делуваат.Во случајов аспекто на марс на 2,3 поле е комбиниран со Сатурновиот 3 аспект (во случајот 2 поле) и Сонцето кој директно го аспектира третото поле.Месечината која е рано детство се третира како подзнак ,па влијанието е директо на марака полињата.Во вакво екстремно неповолно раѓање детето поволно е да добие име на светител или духовни лица свештеници да се јават за кумство со давање на име.Периодот до завршетокот на баларишта (преку дашите) ,треба редовно да се посетува духовен храм и нудат соодветни жртви.
 
 Баларишта Јога (वज्रमुश्टि Ваџра-Мушти -слободен превод „оној кој фаќа гром“) Лагна во Д1 е Карка или Вришчика. Сите малефици се наоѓаат во првата половина од зодијакот од Лагната (од 1-4 куќа и од 10-12 куќа) ,а сите бенефици се во близина на Асцендентот.Доколку е подзнакот Скорпија, Ваџрамушти јога е формирана. Оваа јога се смета опасна по здравјето на еден родител пред се на мајката.