Захи Хавас Сонце Лав Месечина Бик

Захи Хавас во сина кошула и беж шеширпрофесија археолог Захи Хавас
роден 28 мај 1947во Дамиета ,Кралство Египет
Сонце во Лав-Симбха и Месечина во Бик -Вришаба
 
Неговата љубов за ископување и долг престој на едно место, може да се поврзе со фиксните знаци и на Лавот и на Бикот. Лавот ја сака моќта и моќните-славните ,историјата и разоткривањето на било каква загатка, додека Бикот доведува до постојани напори и стабилност ,претпазливост и трпеливост - толку важни зачувување на артефакти и вредни археолошки сакрални градби. Разните контраверзи околу неговата работа исто така се својствени на хороскопскиот знак на Лавот кој има драматична природа заради огнениот елемент ,кој на овој астро знак му е доделен.
Неговата поврзаност индиректно со моќни лица и политика повторно е преку Лавот,кој доведува и до слава и популарност ,па не изненадува фотографиите со председателот на САД Барак Обама ,членство во Руската академија на природни науки ,како и да влезе во листата на топ 100 највлијателни лица во светот спрема британскиот Тајм во 2006 кога јупитер транзитираше во Тула (Терезија).
 
Социјалните мрежи во мк ја објавија веста, за транзитно минување низ Македонија на светски познатиот археолог доктор Захи Хавас.
Тој го посети археолошкиот локалитет Стоби, како и  Неготинскиот музеј. Повод за поканата е празнувањето на 24 јуни,заведен како Ден на балканските Египќани.
 
Овој познат египтолог познат по бројни тв записи за Египет,беше главен инспектор на платото во Гиза во 90-те ,за да продолжи со работа во Врховниот совет за Антика во Египет. Соработка со Нешионал Географик(„National Geographic Channel“) ,Историски канал(„The History Channel“) и Дискавери канал „ Discovery Channel“ говори за неговата светска присатност во полето на антиката пред се архео ископините и антиквитети.
египтологот Заха Хавас со Обама Гиза Египет