Ана Чепман натална карта

Ана Чепман  провикана „red under the bed“  како  изразот за лице комунист кое се инфилтрира во капиталистичкото опшество.Ова може да се потврди со наталната карта на Ана Чепман која има нагласена воздушно земјена комбинација на знаци,а тоа подразбира служење и трговија со информации.Нагласена е „дво падната“ коњукција(јути) Месечина-Сонце во  знакот на Водолија(Кумба),додека во д60 би требало да се нагласени фиксните знаци.Тоа подразбира лице кое завршува работа на претпоставените,а потоа самото се „деградира“ или  менува правец во професијата.Нејзината слабост е во Д30 каде се истакнати 3 планети сатурн марс и венера.Истите ја покажуваат својата негативна фрекфенција ,кога е уапсена во САД  на 27 јуни 2010 заради шпионажа. 
Нејзините работодавци се преставени преку аналитичната девица владател на 10поле во Д1 (влијание преку марс во 8-тајни служби во јути со Сатурн кој е владател на полето на тајните 12 од сонце и месечина) или кармичкиот јазел Кету-сокриеност(во полето на стрелец-странци).Нејзините претпостаени се 8-поле кое менаџира со внатрешни работи во земјата,каде во јути се Сатурн и Марс-стари искусни служби кои не превземаат избрзани одлуки.
Ана Чепмен руската шпионка во црна позадина
Оттука претпоставката дека нејзината работа од Руското СВР е предвидена за пробивање на информации ,но не и за трајна соработка.Поточно идната нејзина работа е суптилно менаџирање лица кои поседуваат информации,но притоа се „молчеливи или незаинтересирани за соработка“.Но истите се корисни за службите.Во нејзиниот месец на успех декември 2010 добива награда за нејзиниот труд и е назначена во советот на младите сили на Единствена Русија каде имаат подршка актуелниот председател и премиер на Русија Медведев и Путин.За нејзината водолијанска природа говори и учество во т.н. „културологичен проект за апсорбирањето на вселенскиот простор“ извор Македонската Википедиа.Можеби важна информација за политичките аналитичари е дека Ана Чепман повеќе е во склад со Дмитриј Медведев(Овен-Лав),отколку со Владимир Путин(Бик-Девица).Само оваа информација може да произведе многу претпоставки и подетална анализа на нејзината натална карта.
 
Доколку се погледне и наталната карта на Сноуден имаме воздушна комбинација Близнаци Терезија,а истата е повторена и кај основачот на Викиликс родениот во јули Асанж.
 Оваа година подршката  може да ја изгуби кога ќе се активира квадратот(4-ти аспект) над јупитер во втора половина на август до октомври.Истото се случува и во наталната карта на Сноуден,па и во сопственикот на непрофитабилната меѓународна организација Викиликс-Асанж.Тоа значи дека новинарите да ги подготват своите тастатури и да пукнат со прстите,бидејќи ги очекуваат топ вести во август- октомври,а период за издвојување е од 3 до 7 октомври и после 20 октомври 2013.Можна објава на финансиски извештаји замешаност на руски и американскио-кинески перења на пари ,можеби преку Кипарски или Грчки банки,се само претпоставки.Но извесно е дека за оваа тројка(Чепман,Сноуден,Асанж ) ќе бидат во некаков вид на страв или изолација заради информациите кои ги поврзуваат со случувањата во есенскиот период.
 
Овие три хороскопи ако се споредат со наталната карта на познатата шпијунка Мата Хари,се приметува нагласен поларитет воздух-земја,односно воздух вода,а планета која се истакнува е Јупитер во Скорпија,само кај Ана Чепман е во Терезија.Оттука Месечината во Кумба(Водолија) е предиспонирана за откривање на тајни,што се потврдува во случаите на Ана Чепман но и Мата Хари која исто така има месечина во Водолија,Сонце во Рак и Јупитер во Скорпија.
AttachmentSize
prashanje-dali-kje-se-omazhi-za-nea.jpg23.82 KB
poshtansko-sanduche-ana-chapman.jpg25.74 KB