Александар Васовски Скорпија Терезија

Александар Васовски  е роден под влијание на месечината во Скорпија или по индиски Вришчика ,додека среќната ѕвезда на раѓање е Џешта- чиј владател е Меркур. 
Џешта среќната ѕвезда на Александар
Оваа ѕвезда е 18-та по ред во зодиакот ,сместена во Шкорпијата.Симболот на оваа ѕвезда е кружен украс(орнамент),кој штити од злите мисли и воопшто од злото!Џешта е поврзана со слава и успех,респект и почит,а  го представува-оној кој е „најстар“,командант и управител посебно некој што се разликува од другите со интензивни желби за успех!  
Самопрегорен борец
александар васовски во акцијаМесечина    Скорпија
Сонце  Скорпија
Подзнак Терезија
 
Психологија
 
да се истакне,да се наметне ,да се има храброст,да добие признанија,да се даде за пример,да се биде препорачан,да прима награди,да „согори“ да се докаже,да има сила,главен во фамилија, најстар брат,да се биде шеф или претпоставен,
 
Подзнакот во индиската астрологија(Лагна) кај ,Александар е во Тула или Терезија во индиската астрологија,додека стелиумот на 4 грахи (Сонце,Месечина,Меркур и Венера),се сместени во зодијачкиот појас на Шкорпијата и ја даваат доминантноста на овој силен и издржлив знак.Владателот Марс,е сместен во Лав(спорт-да се победува) која е негова посебно поволна положба,а при тоа ја создава моќната Паривартана јога со Сонцето,ова е сигурен показател на спортски дух и успех поврзан со издржлив спорт.Во моите анализи од минатите  2 светски првенства во фудбал ,скоро редовно кај фудбалерите со појавуваше оваа планетна формација!При тоа Јупитер(странство) е во 10 поле на јавност и има варготама позиција-силен е во основната хороскопска карта ,но и во 9 и 10 карта!За да се има комплетна астролошка слика,траба да се потенцираат силни напливи на Сонцето во своето седиште во 9 и 10 карта,Венера во егзалтација во 9 карта и Сатурн како јога карака за подзнакот Терезија во сопствениот знак во 9 хороскопска карта.
 
Во индиската астрологија месечината е главниот знак,а кај Александар таа е сместена во Скорпија и ни ги дава главните карактерни црти.Самопрегорна,силна и пожртвувана личност со големи амбиции и планови,молчелива за работи кои не ги познава,но директна и експлицитна за фудбалот и се околу него!За негов успех во живот се значајни контактите и менаџерите и доколку му овозможат да ги покаже своите квалитети „согорува“ на теренот.Тоа може да се покаже за многу кусо време,бидејќи следната година планетата Јупитер транзитира низ десеттото поле во наталниот хороскоп од месечината(кариера-странство),а во единаесеттото поле од познакот (нови пријатели).Бидејќи Кармичкиот северен јазел е во Лав,тоа подразбира да има моќни пријатели кои се странци и да соработува со нив!
Ова влијание подразбира дека следната година може да се случи професионална промена и „дил“ со некој странски фудбалски клуб.Мој совет е да не се размислува премногу,бидејќи ваквата можност ретко се укажува.Доколку се прифати „новиот ангажман“ може да се очекуваат добри вести и написи за неговата игра и скок на неговиот фудбалски рејтинг!Посебни правци на успех(северен Германија,Австрија-централна Европа и јужен-Грција,Турција.
 
Совет до тренерите:
Васовски,  одлично ќе ги извршува сите „инструкции“ на теренот,доколку покрај себе има стабилни,предвидливи но и издржливи колеги(Бик,јарец) знаци на кои може да се потпре!Не му одговараат непридвидливите (Водолија,Близнаци) и славољубиви(Лав и Стрелец).Најдобар тренер за него е Рак,Бик или Јарец!Доколку тренерот или селекторот поставува,„смирена„ формација со брза контра игра, Васовски секогаш ќе го даде својот максимум.Посебно во завршницата на играта ,бидејќи Скорпијата како знак е најсилен кога кај сите „паѓа“ темпото на игра!Треба да му се дадат задачи на „ контранапад“ во завршницата на второто полувреме!
 
Скорпијата е „опасен“ знак,кој се појавува одеднадеш во напад кога најмалку го очекуваат,а ако треба ќе „изгуби“ дел од себе да го реализира науменото!
 
Но...што велат ѕвездите за наредниот период!Успехот ќе биде присатен на зелениот терен,за да после 2017 во негова близина!Тоа подразбира можен успешен тренерски повик и иден координатор или  селектор на Македонската фудбалска селекција!Следат успеси јулско августовскиот период секоја година,а да внимава последна недела од мај и јуни месец на повреди,пред се во млади и полни месечини!Најуспешни периоди 2004 април,2004 јули-август,2007 јуни до 2010 (трансфер во нов клуб- успех во странство),а максимален успех во кариерата јули септември 2009 .На приватен план нека очекува 2007 –2008 раѓање на син ,а после 2017 промена на правец на живеење (преселба) и промена на професионален план(тренер!?). Следната 2004 сезона пролетт-лето ,Ина може да известува за неговите успеси!Само нека внимава околу 21-23 април,2мај и 23 мај- можни се ситни повреди !Бидејќи неговиот професионален успех се зголемува кога соработува со странци ,му посакувам веќе идната година да ги реализира своите амбиции.
објавено 2003 од Симеон Атанасоски
AttachmentSize
ina_br.8_astrologija_simeon_atanasoski_aleksandar_vasovski_t.rtf55.15 KB