Авионска трагедија на Руски Воен Авион

Голема трагедија на Руски воен авион кој со 92 патника(последна вест 93 патници) се урна во непосредно после полетувањето од аеродромот во Сочи. Авионот од марката Тупољев-154 полетал од Москва ,а се движел во правец кон воената база во близина на Латакија.Регистрирано време на исчезнување од радарската контрола е само 7-8 минути по полетување од аеродромот во Сочи( околу 5 часот и 27 минути ),каде претходно слетал да наполни гориво.Авионот со напор се искачил на близу 8000 метри надморска височина. Ниту еден од патниците не ја преживеале оваа тешка авионска несреќа ,а председателот Путин изразил сочувство и прогласи ден на жалост во Руската Федерација за 26 декември 2016. Во авионот имало 93 лица ,од кои 84 (85 последна вест) патници (повеќето членови на ансамблот Александров)и 8 членови на авионскиот екипаж.Поводот за патувањето до руската база во Латакија ,бил прославата на новата 2017 година.Меѓу загинати се јавува и за 9 членови представници од медиумите кои требале да известуваат за овој настан. Руското МО(одбрана) ја истакна листата на починатите , а во деталите за несреќата наведе дека делови од авионот се најдени на длабочина од 70-тина метри и 1.5 километар од брегот на Сочи.

Министерот за транспорт на Русија Максим Соколов на пресот во Сочи изјави дека е можен терористички акт , но понатамошната истрага треба да ги потврди или отфрли овие сомневања.„Времетраењето на операцијата ќе зависи од ситуацијата, но можно е да биде многу долга “- даде изјава Соколов со завршен збор дека потрагата ќе продолжи утре (26декември 2016).Во потрагата се вклучени1000лица (80 нуркаќи) како и 32 бродови, 5 хеликоптери и неколку дронови(воздух) и подморница(дрон) со далечинско управување. Портпаролката на рускиот комитет Светлана Петренко – портпарол на рускиот истражен комитет за безбедност, дала изјава дека е отворена кривична истрага поради кршење на правилата за безбедност. „Се прегледува сета документација и се разговара со лицата кои го управуваа летот. Се разговара и со техничарите кои го подготвуваа авионот и со лицата кои полнеа гориво,“ Руските тв куќи и медиуми се повикуваат на воени извори ,каде грешката за падот на авионот ја детектираат поради технички проблем или пилотска грешка. Спрема неофицијален извор на Рен ТВ екипажот можел да знае за проблемите на табла. Авионот на само неколку минути пред несреќата се свртел за 180 степени - назад кон аеродромот откаде полетал.Мапата која го одбележува движењето на воздухопловот , покажува дека пилотите се обиделе да се вратат.