Џотиш основи 2

 

 
Бидејќи почнавме со прашањето Што е ведска астрологија ,треба да се спомене и за терминот Карма или нашите нереализирани желби кои треба да се прочистат во овој живот, доколку ни е тоа дозволено од Вишите сили.Истото ведскиот астролог веднаш го забележува во наталната карта на личноста и давајќи и соодветен совет ,нудење на жртва на вишите сили да се умилостиват,за да се олесни моменталната кармичка состојба.Во овој текст нема да говориме за трите типови на карма(наследна,која се создава и идна) и колку истата влијае на нашата среќа или несреќа бидејќи не насочува во текот на денот,месецот,годината и целиот наш живот делуваме свесно несвесно или во состојба на сон.
 
Кармата е темелот и носечките столбови на ведската астрологија,што не може да се каже за западната тропска школа што некои астролози во светот ја вметнуваат во својат пракса и работа,имајќи во предвид дека само до извесно време таа беше непознаница за западниот астролог.Тоа создава карма на незнаење и лицето кое се преставува за астролог,а кој не е упатен во кармичките закони и клиентот во следниот живот повторно ќе се родат, и во зависност од 3 типа на карма ќе добијат можност за над минување на истата.Но,треба да се каже дека тоа зависи од искреноста на астрологот и состојбата на клиентот во овој живот.Затоа внимателно бирајте астролог кој му ја поклонувате Вашата доверба.Се што треба да направите во допир со кфалификуван астролог е да му дадете датум на раѓање,точно време и место на раѓање.Потоа молчете се до оној момент кога ќе размислите дали да му ја дадете довербата да Ви подготви натална карта.Доколку е кфалификуван астролог треба да ве праша за 2-3 настани од животот без вие ништо да му споменете.Истите треба да бидат прецизни како информација а не од општа природа.На пример да ли во 5 година имавте преселба? Дали Вашата мајка променила работа од мај до август 2005? Дали сте родиле дете во периодот септември декември 2008? Размислете дали астрологот што го познавате ве потпрашува ,за да поентира со одговор кој всушност се вашите зборови во друг распоред и форма на исказ!Доколку го приметите тоа изразите благодарност за неговото време и паметно е да не губите скапоцено време.Денес многу млади па и постари лица кои немаат астролошко знаење , заработуваат на туѓата мака и наоѓаат лица кои како нив се под карма на незнаење. Кажано е за неуките астролози:
 
Подобро е да прашате грумен земја, отколку лицето кое се преставува за астролог а не познава ни а буквата на оваа непроменлива наука. 
 
Но кажано е и....
 
Ќе има за што да зажали кралот кој не го послушал советот на мудрецот-астрологот,кој ги познава ѕвездите и нивното влијание.