Васту Шастра основи

 

Симеон Атанасоски
 
ВАСТУ ШАСТРА
Историја на Васту
Кој е поволниот простор за живеење?
Неповолен васту
 
Повеќето од нас сакаат убаво среден простор за живеење, некои користат архитект со специјалност за ентериери и внатрешно уредување за да им помогне во средувањето и разубавувањето на нивниот дом, куќа, стан. Некои се повикуваат на кинескиот Ф’нг Швеј(неправилно Фенг Шуи), за да го дотераат просторот со помош на летечките ѕвезди и согласно нивните верувања, да го неутрализираат штетното влијание присутно во просторот во дадено време.Но, малкумина знаат дека претходница на сите овие системи за изградба на живеалиште, кое е извор на благосостојбата на неговите станари, е ведскиот концепт за уредување на просторот за живеење, Васати или Васту Шастра.
 
Историски, Васту се поврзува со ведската култура и цивилизација, дел и притоа, треба да се напомене дека е основа за настанување на Ф’нг Швеј(погрешно се кажува Фенг Шуи), кој од Индија се проширил во Јапан и Кина, а потоа и низ целиот свет.
 
Што е Васту?
 
Васту е еден од најстарите, ако не и најстар концепт на градење објекти за престој и разни духовни потреби, а се со цел да доведе до мир и хармонија на живите битија кои имаат потреба од различни видови на простор за живеење. Овде се мисли на индивидуалните станбени и општествени градби, резиденцијални објекти за одмор , простори за славење и давање на почести, жртвени или обредни места, храмови и сл.
Иако во основната поделба спаѓаат секаков вид на затворени и отворени градби, Васту, исто така, ја проучува и уметноста (сликарство-јантри,вајарство), поезијата(мантри); уметноста преку движењето и звукот (танцување,пеење итн).
На самиот почеток, Васту се применуваше на духовните објекти-храмови, кои, покрај одредената поврзаност со вишите сили, преставува и место за едукација и образование.
Васту, гледано од повеќе археолошки извори, е постар концепт од Ф’нг Швеј, а за тоа говорат архитектонските градби во локалитетот Мохенџодаро и Харапа, денешен Пакистан.
Особено истакнат е градот Мохенџодаро, изграден околу 2600 пред Христа , урбанистички граден, за што говори мрежата ортогонално поставени улици, но и поставеноста на економските секции на градот(житници) и градските ѕидини, кои делумно се зачувани.Имајќи предвид дека Васту-куќите се градат на, т.н земјишни енергетски точки ,се забележува прецизната градба со складен природен материјал.
Градските куќи се претежно на два спрата, а повеќето од нив имаат базени, кои се солидно изградени, а за да ја задржат водата, се поставува слој од катран. Решенијата за одводот и канализација се зачудувачки за тоа време, што асоцира на поврзаност со напредна цивилизација. Како Васту извор, значајна е градбата на градските куќи, кои се со исти димензии, што асоцира на поделба на касти(општествени класи),а материјалот за градба е печена цигла, природно сушена на сонце и нагорено дрво. Македонски бондрук, можеби ќе додаде некој, за којшто познатиот архитект Ле Корбизије, посочил дека е автентичност на градење која мора да се види и забележи.
 
 Васту- концептот, за времето во кое живееме, се однесува на честото нарушување на непосредната природа од страна на човекот, кој, делувајки врз неа со несоодветно изградениот простор, притоа користи и несоодветна вибрација, преку звук, движење или мисла.Тоа подразбира дека денес не се гради на енергетски најповолните точки на земјата, се користат несоодветни и најчесто неприродни и лоши материјали, погрешен е изборот и на боите во просторот, а од сето тоа, како последица, се јавуваат болестите и несреќата на оние, кои живеат во таков, несоодветно проектиран и изграден простор.
 
Само како пример, спиењето со главата поставена кон север (лош правец) ,во однос на магнетните оски создава почеток на болест и немирен сон. Моето искуство со Васту консултацијата, покажува дека многу луѓе не водат сметка за правецот во кој е поставен креветот за спиење, а кој е важен за нивното здравје. Затоа, секој кој сака материјален напредок, мир, хармонија и добро здравје во својот простор за живеење, корисно е да направи консултација со ведски астролог кој го изучил системот на ваасту(се пишува со две а).
 
Да не ве збуни тоа што терминот Васту ќе го сретнете под различни имиња.Некаде ќе го сретнете како Васати, Васту Шастра, а некаде како Васту Видја или Васту Шилпа.Засега, доволно е да се прифати само Васту, а во наредните броеви може и да бидат потенцирани финесите на разликите во поимите и имињата, како и тоа, на кој начин ова старо знаење да го примените во вашиот дом.