Васту приказна

 

Васту-дом,престојувалиште,прибежиште,место за станување,
место во кое се живее и за да имаме просперитет,треба да се во рамнотежа 5 елементи,8 правци,небото и земјата.
 
приказна за Васту
извор:Матсја Пурана
 
Богот Шива борејќи се со демониските суштества од големиот напор се слеала една капка пот,која натприродно се престорила во човечко битие кое веднаш, почнало пред себе све да јаде-уништува.Ова битие било незаситно и се заканувало се да проголта во трите света(светлосни аури).Неговата огромна сенка се приближила и кон Земјата и ги преплашило полубоговите кои веднаш се пожалиле пред богот Брама.Но,ова незаситно битие ни пред Брама, сега заедно со полубоговите, не изразило почит и продолжило да го голта се во својата близина.
Сега,на чело со Брама полубоговите се охрабриле го притиснале и седнале на одредени негови делови и правци,па така и се именувало неговото тело-Васту Пуруша.Брама седнал во центарот,па оттука тој дел го добило името Брамастан.
Полубоговите ги запоседнале останатите важни полиња од неговото тело,кои добиле соодветен квалитет или мана и соодветно име.На секоја страна(правец) од светот седнале соодветни божества поврзани со 5 елементи на природата.Вака притиснато и заробено со лицето надоле,ова битие се пожалило на творецот.Васту проговорил-„Во времето на Кали Југа(денешново време) луѓето ќе станат толку злобни,егоистични и нема да ги вршат жртвувањата кон предците,а јас вака притиснат од што ќе живеам ?“
Брама спрема приказната не сакал да се замери со Шива и тогаш наредил,доколку лицата не ја почитуваат традицијата на предците,не даваат содветни жртви и молитви за просперитет на сите битија,тие да станат храна за Васту Пуруша во Кали Југа.
 
Од кажаново лицата кои не се религиозни и не ги почитуваат предците ќе живеат во неслога,болест и кавги,а истите се „храна„ за Васту Пуруша,кој престојува во секој простор.Поимот религиозни не треба да се поистоветува со фанатично и лицемерно-неискрено верување.