Поставување на прашање во Џотишот

текст големи букви „ПРАШАЊЕ“Да се постави прашање во Џотишот и одговор на истото подразбира како познавање разни техники на предвидување,но и темелно студирање на Прашна Тантра .Повеќе авторитети во индиската астрологија ,говорат дека прашна е непогрешива доколку се почитуваат правилата кои почнуваат од припрема за прашањето кое некој го измачува , а сака да добие одговор, па се до моментот на посета на ведскиот астролог ,поставување на прашањето и добивање на одговорот.Размислувањето на некои лица за поставување на повеќе прашања во исто време, не го задоволува добриот одговор или пак недоволно јасно и концизно поставено прашање.За одговор на поставеното прашање ,ведскиот астролог кој е експерт ги толкува разните нимити(знаци) кои преовладуваат пред и во моментот на поставување на прашањето.Се студира однесувањето ,седнувањето ,бојата на гласот ,погледот кон кој правец и планета е упатен ,како и звуците кои произлегуваат во тој единствен момент.Се третира дишењето од посебна важност како на астрологот така и на лицето кое дошло по одговор.Се бара најситната поделба на картата Д60 преку ,отварање на левиот или десниот нади канал или посебен одговор се добива кога е активен каналот познат како шушумна . Доколку се поставува прашање поврзано со наталниот хороскоп ,тоа подразбира поголема слобода на толкување и релативна точност на одговорот ,но кај прашна имаме едно прашање и еден точен одговор.Експерти по прашна или како за западот е позната како хорарна астрологија се во мал број. Тие се препознаваат по квалитетните мундани прогнози бидејќи експерт по прашна треба да ги познава квалитетите на минатото,сегашноста и иднината на сите живи и неживи објекти.

Некои авторитети кои публикувале и превеле значајни астролошки дела како познатиот индиски астролог Б.В.Раман , во неговата Прашна Марга спомнува за квалитетот на поставување на прашања ,каде за првото поставено доделува максимална точност ,додека петтото прашање на пример се релативизира преку силата на планетите Меркур или Венера.Односно која од нив има повеќе светлина и доминација во моментот на поставување на ова по ред петто прашање.Ова слично се споменува од Нилаканта.

1.прашање Лагна е фокусот и е најважна за одговор

2.прашање Месечината е таа која ја собира светлоста да се добие одговор

3.прашање Сурја-Сонцето е одговор на ова трето прашање по ред

4.прашање Гуру-Јупитер го превзема одговорот на поставено четврто по ред прашање

5.прашање Меркур или Венера доделува одговор на петтото по ред прашање односно кој од овие две Грахи(планети) има поистакнато влијание за одговор.