Поволни правци во домот по Васту

 

 
Централен дел во домот –кога е затрпан, неосветлен и со неповолен облик, доведува до болест, караници и неслога.Истото се случува и со растурени влечки по станот, или предмети кои се мобилни и не се враќаат на првобитното место.За вратите кои шкрипат,сите знаеме дека треба да се подмачкуваат,а слично е и со подот кој шкрипи или ѕид кој има лоша изолација.Имајте предвид дека некогаш ѕидовите биле со дебелини поголеми и од 60см.Денес,т.н. сендвич ѕидови се само 1/3 од некогашните.Тие се поволни во делот на термо изолацијата и изолацијата на звукот, но го немаат природното својство на електромагнетна спроводливост како и преносот на природната осцилација на земјата, од приближно 7,83 херца .Нашите алфа бранови се движат во овој распон и доколку се направи прекин со Земјината осцилација, ние ќе ја изгубиме природната сензибилност ,интуиција, природното напојување со позитивна енергија итн.Овој ефект ќе се забележи доколку преспиете во селска куќа со дебели ѕидови и во дом, во кој ѕидовите се обложени со гипс- картон плочи или некој друг вештачки материјал.
Квалитетот на воздухот е различен во простории каде ѕидовите се од гипс- картон плочи, од оној што е во просториите од обликуван камен, арм.бетон или, пак, се од дрво во комбинаија со печена цигла или блок.
 
Југоисток –владее агни, кој е поврзан со огнот.Доколку е блокиран и неосмислен , со несоодветен мебел и бои, доведува до несакан пожар или експлозија на плин.Треба да има добра вентилација,а голема заштита е и икона-заштитникот или јантрата инсталирана на источниот дел.
 
Јужен правец-владее Јама, кој е поврзан со злото и неповолноста. Доведува до страв, предвремена болест, понекогаш и до неприродна нервоза, па и до лудило, хронична болест и смрт.Напредокот во кариерата е намален.Ова треба да се потврди и во наталната карта.Не смее да има три отвори на јужната страна особено не, три врати. Доколку просторот е исчистен и нема неповолни блокади, доведува до јавни признанија и успех.
 
Југо запад- владее Раху, кој е неповолен за повеќето луѓе. Носи хронична болест на бубрезите, можност за скршеници, зголемена нервоза.Доколку недостасува ЈЗ дел од куќата или станот, финансиите се намалени и со многу труд се постигнува малку успех,а домаќинката е со душевна или физичка болка.Треба да се изврши корекција на просторот.
 
Запад-владее Варуна, кога е неповолно поставен мебелот или бојата на подот е несоодветна, доведува до губење на имот и финансии, а ако во близина има несоодветна градба, донесува спор просперитет и спор прилив на пари. Кога ќе се отстранат овие недостатоци, успехот во домот се зголемува.
 
Север –затрупан или одсечен дел, донесува одвоеност од семејството и болест, престој во странство, долгови и судења. Поволно решен, доведува до голем просперитет, зголемување на имотот и богатство.
 
Доколку го извадите непотребниот мебел и се обидете да ги користите правилата на поставеност со страните на светот, употребувајќи, притоа и соодветни бои ,за кусо време ќе ја почувствувате позитивната енергија, а во рок од 21 месец, ќе следат позначајни резултати и финансиско подобрување. Сето ова треба да е во склад со хороскопот на сопственикот сс на просторот за живеење.