Манипулирање на јавноста или водич за предвидување

Што не е предвидување?

 
Повеќето од Вас ,не можат лесно да бидат прелажани ,кога некој ве убедува дека предвидел настан ,но сепак за неискусните во полето на астрологија и помладите лица кои веруваат на полуинформации и дезинформации,корисно е да им се посочи како да ги разликуваат овие информации.
 
Што е потребно:
 
1.Предвиден настан се соопштува во куса форма од една реченица со што,каде и кога ќе се случи?
 
2.Лицето кое предвидува настан може да го цитира предвидувањето , но и да го даде целиот текст на увид на јавноста.
 
3.предвидувањето е квалитетно како зреење на виното.Колку напишано порано пред настанот толку поквалитетно.
 
4. Предвидување кога и вие знаете што може да се случи па и да тврдите не Ве прави вас астролог-можеби добар аналитичар.Доколку некој како „астролог“ се обидува да го презентира како сопствено предвидување , а претходно изјави од новинари,аналитичари,економисти и судии кажале што ќе се случи, тој не е астролог ,тоа не е никакво предвидување ,туку манипулирање на јавноста. Лицето украло изјава од некој познат законодавец ,правник или судија кој пред него рекол дека се очекува оставка на министри.Новинарите со своите вести за прислушувањето ,цело време вршат притисок да се даде оставка и секој може лесно да предвиди што ќе се следи.
 
Во мојата астролошка пракса имам дадено пред повеќе од десетина години предвидување за реконструкција на влада и можна оставка на министри која се покажа како точна.Иако предвидувањето ги содржеше сите елементи даден точен ден(кога ќе се случи) ,што и каде ќе се случи(опис на настаните) ,за истото можеби првпат слушате преку овој напис-после 15 години.Едноставно сега му дошло време да се реобјави.Иако граѓаните на РМ можеби заслужувале од медиумите да слушнат за ова предвидување кога истото било во фокусот на внимание.Истото и денес после 15-тина години да го прочитате и да побарате официјалнииот деловник на собраниеото или ударните вести во јавноста ,само ќе констатирате дека се задоволени сите услови за предвидување.
 

пример за манипулирање:

Во моментов на овој напис имаме бегалска криза од воените региони ,а дел од неа завршува и на Балканот,па и во Македонија.Вестите известуваат подолго време и не е никакво предвидување да се каже дека ќе има немири во бегалскиот камп , ќе протестираат да бидат пуштени да одат кон централна европа , да има инцидент итн. И вие знаете дека тоа лесно може да се случи.
 
..или предвидување во парламентот ќе има блокада на работењето. 
 
Доколку ова е напишано пред неколку години или месеци(јасно напишан или објавен е периодот ,односно ден месец година) и со опис точно што се очекува, во тој случај има некаква тежина на предвидување. Доколку на сите им се познати настаните со аферата прислушување скоро сите го знаат епилогот.
 
Ваквото придвидување има сила доколку е објавено во 2014 кога немало навестување за аферата „Пуч“ или „Прислушување“ , а не во 2015 откако се случија настаните.Ако им верувате на тие лица Вие сте прелажани!
четири разголени јапонски девојки на црвена позадина шизару
каде се манипулациите во астрологијата:
 
-се очекува поплава а не е напишано ни кога ни каде 
-се очекува атентат а не е објавено ни кога ни каде
-се предвидува враќање на опозицијата во собранието ,а цело време јавноста дебатира за и против враќање
 
Всушност лицето кое ќе предвидува нешто од тој момент „тече“ неговото предвидување односно „тече“ неговото промашување , бидејќи истото временски не го  
 
одредил.Бидејќи астрологијата во предвид ги третира временски точно дадени предвидувања , месец и година на доцнење е несериозност и манипулирање со јавноста.
 
Доколку некој каже дека ќе има земјотрес,лизгање на тло,атентат на политичар од тој момент тој е прецизен или непрецизен.Бидејќи атентатот „го нема“ ,тоа значи дека промашил , месец , промашил неколку месеци,промашил година неколку години.Секој ќе ви каже дека тоа не е предвидување.На таквото лице слободно можете да му кажете дека има погрешно предвидување кое не се остварило. Доколку лицето го објави истото предвидување со даден датум и место ,(следел вести кога се очекува политичка криза ) ,повторно ова предвидување треба да се третира како промашување ,бидејќи првото не се остварило, а за новото треба да се третира точноста во однос на дадениот датум дали ќе се оствари.Ова се однесува и за било какво друго дадено предвидување.
 
Астрологот треба својот квалитет и критериум да го гради не на бројот на предвидени настани ,туку колку има промашени предвидувања!
 
Тоа значи да доколку не се соопшти датум на предвидување ,а од предвидувањето поминало неколку несеци ,лицето има десетина или стотина погрешни предвидувања со само таа негова една изјава.Секој изминат ден за ова лице е нов ден на промашување , бидејќи не е даден денот и ја манипулира јавноста.