Астробиологија Има ли живот на Марс?

Метан на Марс
Загатката поврзана со присуство на метан (CH4) на Марс и Титан ја раздвижи научната мисла(Scientific American) посебно астробиолозите(структура на „вонземен живот“) ,од пред десетина години(2007) ,а деновиве повторно актуелно прашањето:
 
"Дали постојат знаци на живот на Марс?" го праша Мајкл Мејер, главен научник за Програмата за истражување на Марс во штабот на НАСА. "Не знаеме, но овие резултати ни кажуваат дека сме на вистинскиот пат".
 
Вест број 1 на НАСА порталот е за  пронајдени органски материи во примероците на почвата на Марс, кои се земени и хемиски анализирани парчиња со проценета старост од 3 милијарди години.Ова примероци за испитување се земени од кратерот Гејл(околу 154 км) ,во непосредна близина на спуштенииот ровер на мисијата кон Марс од 2012.
Името на кратерот Гејл е поврзано со астрономот од Австралија Валтер Гејл.
Претпоставка за староста на кратерот е од 3,5 до 3,8 милијарда години, Наса научниците се на мислење (веројатност) дека имало базен со езеро ,а сега на ова место е издигната планина
Земените почвени примероци се загреани до 1508 степени Целзиусови ,за да се проценат проучат па и споредат органските молекули на Марс со слични од нашата планета Земја. Анализаторот на роверот испратил кон земјата податоци за присуство на органските молекули, слични (споредливи) со седиментни примероци земени од  карпа на нашата планета Земја.Најдени се  метилтиофен, метахтиол,тиопен и диметилсулфид.Најден е и метан во Марсовата атмосфера.МАРС натпис на тлото на Марс и знакот на планетата
 
Како стои во извештајот на НАСА од изминативе пет години, подвижната лабораторија „Curiosity“ ,со помош на ТЛС( Tunable Laser Spektrometer) за мерење на метан во атмосферата близу кратерот Гејл ,испраќала податоци кои не биле константни,односно не беше јасно ,зашто се јавуваат големи варијации на количеството на метан. Последните прецизни мерења ,посочуваат за сезонско варирање на овие податоци ,па се претпоставува дека тој се ослободува од самата површина или под површината на Марс.
Сето ова посочува дека постојат основни „цигли“ за да се изгради ланец на некој облик на живот ,што ги охрабри научниците во НАСА да изјават за можост на некаков вид на живот на Марс во минатото
 
Овие варијации на метан ,може да бидат предизвикани од како од сезонските термо услови на самата планета(кои варираат и би требало да предизвикаат притисоци на почвените блокови) ,но и од евентуални Марсотреси (потреси на Марс) ,кој може да го ослободат заробениот метан во подлабоките зони. 
 
Метанот се смета за органска молекула која е со едноставна структура, а е присутна во нашиот сончев систем ,посебно кај џиновските планетите Јупитер,Уран,Нептун каде се јавува како производ на хемиска обработка на праисконскиот материјал на соларната маглина.Исто така присутен е на месечините на Сатурн ( Енцелад, Европа и Титан откриено во 1944).Метанот кој е присутен на Земјата е од природно биолошко потекло -преку 90 проценти од ослободување на гасовите кај копитарите(тревопасните посебно), предизвикани од бактерии сместени во нивните црева ,а како производ во процесот на ферментација на храната која ја внесуваат.Во поголема количина е создаден во мочурливите места на планетава како и оризовите полиња околу 22%,а инсектите посебно термитите значајно допринесуваат со 4%, во севкупното земјино количество. Голем процентуален придонес е и од геолошки исопувања посебно на јаглен и нафта (19% заедно).Вулканите на годишно ниво ,а некои моментално се активни(Килауеа-Хаваи и Фуего-Огнен Вулкан)  допринесуваат со помалку од 2 проценти.   
 
Сепак и порано се истакнуваше дека евентуалниот облик на живот,може да се разликува ,од нашата представа како ние замислуваме друг облик на живот. Тука метанот може да биде главниот поврзувачки елемент кој создава некакаква организирана жива структура. Сепак Марс денес е пустински сув и ладен со премногу зрачења на неговата површина. Оваа комбинација засега не е погодна за живот.
Инсајт лендер марс мисија 2020 2021
НАСА на 5 мај испрати ново летало со истражувачка мисија (InSight Lander) ,кој треба да пристигне на 26 ноември и да прибира и праќа податоци , кои ќе одговорат на некои контраверзи околу флуктациите на метанот и можноста за живот како во минатото , евентуално за во иднина на оваа Црвена планета. НАСА научниците се заинтересирани за потресите на Марс ,а за тоа се очекува подобра техничка подршка од роверот со мисија МАРС 2020, со закажано и дефинирано време за почеток на јули 2020 ,а пристигање по седум месеци во фебруари 2021. Роверот МАРС 2020 ,ќе користи слична технологија како Инсајт Лендерот ,спремен за 10 години(нуклеарен погон), а микрофоните и камерите посебно „Mastcam-Z“ треба да испратат панорамски и стереоскопски слики со акцент на геологијата на тлото. Посебно се очекува од 3Д мапите на теренот како и Икс зрачниот флуоросцентен спектограф.Ова ќе помогне за подобра анализа на составот. Радарот RIMFAX кој е дел од опремата за анализа на тлото ,може да продре до 10-тина метри под тлото и да бара слатка или солена вода. Другите важни уреди се МЕДА (мери температура,насока,брзина на ветер,влажност итн) како и MOXIE кој ќе го претвора јаглероден диоксид во кислород(CO2 во O2).Сепак сега сме 2018!  
 
Се додека не се дојде до поверодостојни и проверливи извори околу евентуална вода на Марс и променливоста на метанот, ова прашање не може задоволително да се одговори за животот на првиот наш сосед, покрај Венера и се разбира Земјената Месечина.
 
-