Ретрограден Меркур од утре преминува во директно движење

Ретрограден или вакра Меркур од утре 28 март 2019  преминува во директно движење во знакот на Водолија.
 
Имаме три основни движења на небесните точки(планети-грахи и невидливи планети-упаграхи)
 
Директна - Чара  
Стационарна - Двишваба 
Ретроградна - Штира
 
Директното движење на планетите е со квалитет на планови,акции и желби за нови почетоци или за директно одење кон зацртана цел.Ова планетно движење е со пропорција на делување, во зависност од местото на планетата земја, а зависи и од локалните квалитети на просторот, зоната на влијание пренесена преку разните висински препреки и  коти(ридови,планини,облакодери,високи згради итн)  
 
 
Двишваба состојба на грахата(планетата) е кога е привидно стационирана и гледано од земјата се добива впечаток на неподвижност.Оваа состојба има неколку под состојби ,а во зависност од брзината со која се движи, но и во однос на пет состојби гледани од земјата(горе,доле,лево,десно и центар)
Ова е едноставно ,објаснување!
Сложеното ,подразбира планетата да се дефинира во координатниот систем во однос на местото на набљудување,при тоа да се додадат уште најмалку две основни движења(напред и назад).Од погоре кажаното планетата може да има неколку различни ретроградни движења.
На пример може да се движи ретроградно и лево, ретро десно, ретро горе и ретро доле,ретро централно
 
Нејзиното движење може да е забрзано или да успори до состојба н
а мирување.
За да се објасни како оваа состојба влијае на целата природа ,пред се на луѓето и животните треба да се појасни како планетите ја трансферираат одбиената светлина ,односно ја прекинуваат,ја рефлектираат и ја пренасочуваат и како таква со „светлосни различни осцилации“ доаѓа на земјата и врши „префинета магнетна поларизација“ на сета природа.
 
Во зависност од брзината,големината,бојата и опкружувањето на планета која е во ретроградна,директна или стационирана положба,а во зависност од претходно спомнатите 5 состојби- ефектите ќе бидат:
 
-позитивни-Сатва влијание акцијата донесува плодови ,кои ја прославуваат креацијата а на личноста донесува мир и благосостојба
-негативни -Тамас влијание акцијата е исполнета со доцнење,чекање ,а на моменти избрзување и непромислени одлуки ,состојба на губитоци,незнаење и проблеми
-мешани-Раџас влијание акцијата е брза,интуитивна,сега и одма,со решителност,но целосно непромислена и создава среќа на почеток но разочарување на крајот.
 
Табела премин од ретро во директно движење на Меркур март 2019 
табела меркур од кога е директен во март 2019
 
 
 
 
 
 
Моментално Меркур ја достигнува својата стационирана точка и од утре околу 14 сатот(ГМТ) ,кој случајно се совпаѓа истовремено да е „Денот на театарот“ ,преминува во својата „директна“ движечка позиција.
Тоа ќе доведе до почетно забрзување и иницирање на нови познанства и пријателства и во зависност од наталната ,истите се со три влијанија(позитивно,миксано и негативно).Меркур е во знакот на Водолија,во накшатрата Пурвабхадрапада ,па ќе се почувствува мистично,интуитивно,со промена на планови влијание,со потреба да се почне некаков циклус на учење ,планирање за патување во странство, учење јазик, план за повеќе дружење со непознати и надвор од родното место-комуникација,дебата,споделување знаење и искуство итн,
пурвабхадра две лица под маска насмевка и тага
Интересна коинциденција(околу театарот) е и што Пурвабадра е преставена со две маски (една која се смее и една која е тажна) ,што дополнително ја објаснува состојбата на премин од ретро во директно движење на Меркур!
 
Пурвабхадра има 4 пади ,а главна ѕвезда(божество) што влијае преку неа е Брихаспати-Јупитер
 
Пурва - бивш,поранешен
Бхадра - благословен или просперитетен
пада - чекор ,стапка,отисок,стапала