Предвидени двата силни земјотреси кои го погодија Мексико за две недели

предвидени двата земјотреси кои го погодија мексико објавен материјал

Земјотресите во Мексико се предвидени
Астро предвидување објавено декември 2016
Овие два силни земјотреси беа напишани и објавени при крајот на 2016 година.Се предвидуваа  два силни земјотреси поголеми од 6.5 по рихтер ,за деновите 7 септември 2017 и 15 до 22 септември 2017.Објавено на ТВ и на Facebook
Во двата предвидувани периоди  два силни земјотреси.
Првиот ден 7 септември 2017 имавме најсилен земјотрес во изминатите 100 години во Мексико и забележана магнитуда од 8.1 степени по рихтер.Еден од најсилните во светот, годинава.
Вториот период повторно разорнувачки земјотрес во Мексико од 7.1 степени по рихтер.Моментално светските агенции известуваат за спасување на евентуални преживеани под урнатините.
Вториот период кој е посочен од 15 до 22 септември 2017 само како илустрација на раздвижување на земјината тектоника се три силни земјотреси со магнитуда покрај Мексичкиот во Рабосо од 7.1 степени имаме уште два едниот 6.1 во Јапан (Камаиши),а третиот во Ванату од 6.4 кој е вообичаен доколку се третира дека е во така наречениот Огнен прстен.Прашањето на повеќе научници кои се занимаваат со сеизмика и геологија на тлото во светот , па и кај нас беше дали вториот силен земјотрес од 7.1 степени со епицентар близу Робосо , треба да се третира како афтершок , односно како последица на силната „Осмица“ пред две недели близу мексичкиот залив.Доколку се третира разликата на двата земјотреси од околу 18 километри ,во минус зоната на главниот прв удар од 8.1 степени , „одржлива“ е претпоставка дека вториот земјотрес е афтершок , иако е со голема сила од 7.1 степени.
Моето истражување на земјотресите уште од раните 90-те на минатиот век , при објава на предвидувањата,редовно се истакнуваше дека на 7 односно 14 дена , а како резултат на месечевата динамика и сложена небесна статика следува втор удар,а се во зависност дали е првиот форшок или афтершок.Така се предвидоа повеќе земјотреси ,но јавноста во Македонија делумно пренесе дел од овие оргинални предвидувања кои се реткост во светот.Само мал пример, земјотресот во 1999 година кој ја погоди Турција ,јас дадов предвидување со точна локација на двата хипоцентри доколку се третира соодветно мојата изјава дека регионот на 500 километри од Крит ќе биде погоден со разурнувачки земјотрес.
Во двата предвидувани периода имавме приближно на 500-тиот километар силни земјотреси ,а турскиот засекогаш не само што ја промени Турција, туку можеби и светот.Овој земјотрес предизвика миграција на погодениот регион , и ја смени „геополитиката“ на средниот исток,а на тој начин и на светот! Но ова гледиште како планетите влијаат на народите, се подразбира во мунданата астрологија.Затоа и оваа година се предвидуваа непогодите кои ги зафатија САД, а сите бевме сведоци за неколку урагани,поплави,пожари ,а последните случувања близу југозападот на САД се земјотреси од „осмица“ и „седмица“ како ги нарекуваат сеизмолозите силните магнитуди од 7 и 8 степени по рихтер.
 
 Оттука изјавата по силната седмица(7 степени по рихтер), на геофизичар Џон Белини од САД(извор ЦНН) ,дека не е вообичаено да се слушне за такви силни земјотреси , да се толку блиску еден до друг -при геолошките истражувања. "Обично немате еден по друг два големи земјотреси во еден ист регион веднаш","Но, во многу сеизмички активни региони на светот, тоа може да се случи."
 
Ова мислење науката ќе треба да го ревидира ,откако ќе дојде до законите поврзани со небесната статика ,односно кога како и каде следуваат два едноподруго силни земјотресни удари.Дали ќе дојде до два силни земјотреси во ист регион, пред се зависи од силата на резултанта која планетите во Венов диаграм ја даваат кон планетата земја ,односно дали има критично влијание за втор силен удар на едно исто место.Но ,ова го надминува просторот за објавување ,за да ви биде интересно и забавно за читање.Мојата земјотресна формула подразбира сума понекојпат на стотици „леери“ на параметри кои со систем на елеминација, резултираат со предвидување за ден,место и настан.
 
 Јас редовно во моите прогнози ги предвидувам двата ,а понекојпат и четирите силни магнитуди.Тоа е објавувано на овој сајт односно на повеќе медиуми во јавноста.Понекојпат моите предвидувања даваат само еден ден,понекојпат се даваат на две недели силните земјотреси кои следат.Ова зависи од небесната статика и планетната поставеност.Досега висок е процентот на ваквите предвидени земјотреси со магнитуда преку 6.5 степени по рихтер.Всушност граѓаните во Македонија меѓу првите во светот , беа известувани дека земјотресот допира т.н. четири точки и дека понекојпат за седум дена(една недела) ,а често пати по две недели следи разурнувачки земјотрес.
 
 
 
 
AttachmentSize
meksiko zemjotresi-2017.png712.24 KB