Малта авионска несреќа 5 загинати

Малта авионска несреќа
24 октомври 2016 година
7:20 наутро
 
Повеќе портали во светот (ББЦ ,ЦНН,Асошиетед прес) известуваат за авионска несреќа која утрово се случила на Малта во реонот на Лука,при што погинале сите пет членови.Тие биле француски професионалци за царински надзор упатени на мисија кон Либија.Очевидец Лорен Ацопарди кажува дека авионот по полетување со голема сила(потисок) полетал скоро вертикално ,за да потоа се завртил и удри кон  земјата ,по што се слушнала силна експлозија.
Веста е потврдена и од  француското Министерство за одбрана со изјавата дека од 5-те жртви, тројца се претставници на Министерството за Одбрана и двајца се приватни изведувачи кои требале да спроведуваат операција за надзор. Потврда има и од официјални преставници од Владата на Малта ,кои повторија дека починатите се од францускиот царинско работење за следење на патиштата при недозволена трговија, на дрога и луѓе. Дестинација на нивната мисија била кон Мисрата Либијското крајбрежје. Аеродромската управа заради безбедносни причини, го затвори аеродромот четири сати и беа одложени десетина летови. мапа на авионска рута аеродром Малта во правец кон Мисрата крајбрежие на Либија
 
Астролошки оваа несреќа со брза анализа, во Д300 и има засилена осцилација на можна човечка грешка ,а во Д1 и Д9 гуру е неповолно притиснат во кендрите , односно во 12 сектор. Прашна во моментот на настанот ,е поврзан со човечки фактор Гуру, а потврда за ова е преку Џива ефектот на кендрите од Кету и Буда(Меркур). Тримсамсата (Д-30 е поврзана со несреќи или несреќни околности) имаме во кендра гуру,шани и куџа и кармички јазел. Сарваштакаваргите покажуваат зголемена осцилација на 37 биндуа во Карка и Симба ,а минимум од 17 во Вришчика.Тоа дава како мала насока на вертикален правец (10 сектор) и место на полетување во Д1 Лагна и второ поле заради Шукра. Сатурн со Шукра во 2 поле ,асоцира можност дека лице на возраст околу 60 години ,има голема одговорност или допринело за падот на авионот.Ова е првична проценка и брза проценка која дава само мал процент за причините на авионскиот 
пад.Треба да се нагласи дека потребна е сериозна астро студија во сите 16 карти како и мундана проценка ,за да се каже точната причина.
 
Последна дополна на веста за малтечката авионска несреќа
25 октомври 2016
 
Авионската несреќа во Малта има мистерија околу загинатите лица
 
Последните изјави околу авионска несреќа во Малта ,откриваат дека Француски лица кои загинаа биле членови на француското разузнавање, наместо првично објавената вест за царинските службеници. 
Најпрво изјава од извори на авијација(Малта), дека  авионот се движел кон Мисрата ,што е контрадикторно со изјавата на Малтешкиот премиер Џозеф Мускат, кој изјави дека летот бил на локално ниво цитирам "се враќаат во Малта, без слетување во која било трета земја".
Агенциите АФП и Ројтерс  пренесоа изјава од францускиот министер за одбрана Жан Ив Ле Дриан (Jean-Yves Le Drian) , кој посведочил дека авионот бил ангажиран од неговата служба, со задача за вршење надзор операции во Средоземното Море.
   Француските официјални лица значи ,не сакаа да дадат коментар за овој настан.Неофицијални извори во Малта ,спомнуваат дека тројца од загинатите биле ДГСЕ(Directorate-General for External Security) разузнавачки оперативци. 
ДГСЕ е француска разузнувачка служба која го покрива Либискиот простор. ДГСЕ службата е со агенда на разузнавање и елиминирање на т.н. Исламска држава.
 

Comments

Непроверена информација на левичарскиот Liberation

Во врска со несреќата на авионот на Малта се огласи и Францускиот левичарски весник „Liberation“ со цитирање на неименуван "експерт за либиските работи" ,кој тврди дека "Малта е Заткулисно место за сите Либиските операции. Французите, Англичаните, Италијанците, Американците ... сите се таму."