Малавја Јога

МАЛАВЈА ЈОГА
Шукра-Венера со сила во Варгите и поврзаност со повеќе типови на Лагни
 
Дефиниција. - Венера треба да е сместена во кендрите(1,4,7 и 10 квадрант),а при тоа да биде во сопствен знак(Вришаба Бик или Тула-Терезија) или во егзалтација Мина-Риби.
 
УМ:силен и проникнувачки 
его: креативно,натпреварувачко
душа: „одвоена и поврзана“ спрема потреба од повисоки состојби на свесност
 
Физичка појавност:
Физички силно ,добро оформена фигура и здраво тело со осветлено лице(лицето има сјајност).
 
манифестира резултат:
познат меѓу луѓето,слава,популарност,се споменува негово име и презиме ,признатост,научен пристап,почит и среќа од семејството(деца,сопруга),допринесува за богатство,среќен со децата и сопругата, управува превозни средства (поседува)
 
Доведува до привлечност за спротивниот пол,а бидејќи Шукра е карака за сексуалното либидо,оваа јога го прави сопственикот да има харизма,атрактивност и посебна привлечност. Влијанието е поистакнато доколку Венера е „ослободена“ од малефично или неповолно друштво на грахи ,односно нејзиното влијание е зголемено доколку грахите со кои е поврзана преку аспект,поле или накшатра во времето на планетно активирање(транзит,даса,букти,антр даса) ја зголемува осцилација во ист правец на делување.Ова влијание се зголемува и по лонгитуда односно по латитуда, па потребна е сериозна студија да се пресмета силата на ова т.н. голема или маха јога Дали лицето ја поседува оваа јога се препознава и по младеж на телото ,во каков дом живее во раното детство (боја,облик,положба име на место).