Љубовта и хороскопските знаци

 Симеон Атанасоски објавено 2003-2004

       Љубовта и зодијачките знаци

 

Џотиш –Индиска астрологија


Огнена,Земјана,Воздушна и Водена Љубов!!!

 


Да се проговори за љубовта и зодијачките знаци е исто како да се говори за нијансите на милиони бои кои се прелеваат како и во уметноста.Некаде се пропорционални природни и складни,но кај некои дела на сликари се гранични,спротивни и драматични!!!

Во индиската астрологија(Џотиш)постојат софистицирани пресметки на љубовниот склад,кои се изразуваат математички во проценти,а каде се врши астролошка складност или компатибилност кај партнерите на: љубовен,сексуален,интелектуален,физички,емотивен,план на касти итн.На пример доколку партерите се со складен зодијачки знак,но припаѓаат на различните касти,тие можеби после успешниот почетен љубовен однос,да се соочат со проблеми во животот и нарушување на евентуална брачна среќа.Или друг пример доколку партнерите припаѓаат на различни категории на Гана или Јони да немаат сексуален склад.

*постојат 3 типа на Гана дева(боженска),манушја(човечка) и ракшаса(демонска).Доколку партнерите припаѓаат на истата група дева со дева,манушја со манушја,ракшаса со ракшаса тие се во склад и љубовно си одговараат.Најлош однос е жена со ракшаса особености,а маж со особини на дева и обратно!Што би рекле односот име пекол!

Ведската-(Индиска Џотиш) астрологија испитува минимум 12 системи на склад помеѓу партнерите,а завршниот заклучок е после изработка на деталната натална карта на двата партнери,бидејќи тие можат да се запознаат во најдобриот период од животот,за да потоа со тек на годините ,наместо љубовта да се зголемува или одржува,настанува љубовна ерозија и кризи во взаемниот однос.

Порачка и компаративна анализа на 2 хороскопа(Ваш и Вашиот партнер )со предвидување за идни настани од познатиот астролог Симеон Атанасоски на тел: 02 3060382 по 12 часот.

Доколку сте надвор од Скопје или Република Македонија
на мејл atan@t-home.mk