Приказна за 5 те сетила

 ом

                                 приказна за 5-те сетила
 
 
Петте главни „сензори“ на нашата природа - ум,уво,око, здивот (prana), говор - се расправале едни со други кој најдобриот и најважниот. Никако неможеле да се сложат и за да го решат овој спор се одлучиле ,секој да го напушти телото и потоа да се види чие отсуствое најпотребно.
 Најпрво говорот го напуштил телото, но и без него телото останало но сега без звук. Следен на ред бил видот,кој го напуштил телото,но телото продолжило да живее иако слепо.
Слухот третиот по редослед го напуштил,но иако слепо,немо па и глуво телото продолжило да живее.Од последните 2 сетила  преостанале умот и праната.И умот излегол од телото ,но зачудо и покрај тоа телото продолжило да опстои.Преостанала само уште праната(животворниот здив). Праната кога целосно го напуштила телото,целото тело ја сменило формата од животворно во мртво.
Наравоучение:
Праната или животворниот здив е тоа што им донесува квалитет на останатите сетила.Контралата на дишењето ги доведува во хармонија и останатите сетила.Понекојпат богатстото и сиромаштијата,успехот-неуспехот,задоволството-незадоволството и останатите поларитети кои ја менуваат состојбата на умот,зависат од начинот на дишење.
...Истото потоа доведува до промена на целото тело.Колку да делува зачудувачки едноставно ,тајната на успехот и здравјето во животот е поврзан со праната и начинот на дишење.