Вулканска раздвиженост на Килауеа на Хаваи

Kilauea Хаваи вулканска активност Типично раздвижување на лавата на вулканот е неколку метри во секунда , па известувањата се за внимателно следење и избегнување да се најдете во близина.Засега штетите се материјални-уништени куќи и земјиште на илјадници семејства ,без известување за човечки загуби.Предвидување на стручните лица за можно отварање на нови пукнатини преку кои би се излеала лава и би го загрозила населението ,засега е во теоретски модели на прогноза.Клучна „алатка“ инструмент за да овие модели дадат соодветен научен резултат е топлинска инфрацрвена камера.Овој апарат наликува на камера за ноќно набљудување ,но се разликува бидејќи прецизно ја измерува температурата на лавата,која е во движење.Овој уред е сместен на беспилотно летало - дрон.На овој начин се изготвува топлинска мапа и детално временски се лоцира правецот на движење на лавата ,брзината како и испарувањата кои се од пукнатините на вулканот.Оваа активност во светот астролошки беше очекувана ,ако се земе во предвид влезот на Куџа(Марс во јарец) кој е огнена граха а навлегува возодијачко поле на земјено воден знак(прва половина земјен-втора воден).Сонцето е во квадрат кој ја засилува активноста на притисок на лавата,а овој аспект е во опозиција на јупитер кој е ретрограден во воздушниот знак на Терезија.Оттука периодот после 14 до 21 мај 2018 е со засилена активност ,а тоа подразбира и земјотрес во светот поголем од 6.5 степени по рихтер ,а ќе проследиме што ќе се случува со притисокот на лавата.

Comments

Зголемена е активност на Вулканот на Хаваи

Во најавениот период вулканската активност во светот се зголеми.Отварање на  две нови пукнатини на Хавајскиот остров,повторно ги вознемири жителите ,а исфрлената лава и гасови преплаши речиси 2000 жители ,кои   се евакуираат на побезбедно место за престој. Официјалните лица од Агенцијата за цивилна одбрана на Хаваи кои ја следат оваа природна непогода јавуваат дека се отвориле две нови пукнатини рано наутро во неделата на 13 мај 2018.Исфрлена е лава 10-тина метри во воздухот,а снимките покажуваа дека оваа е сериозна закана за мирот на островот во најавуваната недела!
Оската на пукнатините долги стотици метри е во правец северо-исток и југо-запад објави Хавајската опсерваторија за вулкани со најново движење на лавата кон југо-исток.
Издувните испарувања и вулкански гасови се покачени во однос на изминатиот период.Одговорните за воздухопловен транспорт на Хаваи привремено ги забранија сите летови,па и за лет на дронови и хеликоптери потребна е дозвола.
Истакнати поединци на американското геолошко друштво, објавија за можна  „експлозивната ерупција во кратерот Халемаумау на врвот на вулканот Килауеа“. Евентуална ваква ерупција може да растури пепел и вулкански честички  на површина од 20 тина километри од кратерскиот врв.