Апенините раздвижени земјотрес од 4.3 степени близу вулканот Ичија

Земјотрес во Италија на островот Ischia близу Неапол 21-08-2017 18:57:53 UTC локално 20:57 локација 40.830°N 14.000°E

мапа близу неапол Ischia  земјотрес од 4.2 степениСе јавува за оштетувања на објекти и почин на една жена и најмалку 25 повредени Жената почина откако била погодена од паднати урнатини од црквата Санта Марија (Santa Maria del Suffragio).Се јавува за трите деца на 17 месеци, 4 и 6 години, кои најверојатно се од браќа ,а  кои се извлекуваат од под урнатините на една куќа.

Италијанскиот весник Corriere на нивниот веб портал јавува за сила на земјотресот од 3.6 степени по рихтер, со зачуденост на стручните лица како на оваа мала магнитуда да има и жртви.Овој сомнеж може да е оправдан , доколку се спореди извештајот за магнитудата од 4.3 степени , кој е објавен од Американскиот институт (USGS-Националниот институт за геофизика и вулканологија) . Претпоставена длабочина на земјотресот е 10.4 километри , а во правец на 5 километри северо-западно од Monte di procida.

Comments

спасување на настраданите по земјотреспт во Ичија Италија

 
Со помош на спасувачките екипи и волонтери од Црвениот крст повеќе од 2000 луѓе координирано помагаат да се спасат човечки животи по земјотресот од минатата ноќ,кој го погоди островот Ичија.Двајцата браќа(возраст од 7 и 11год. ) кои беа  заробени под урнатините на нивниот дом во градот Ла Рита се спасени.Се јавува за едно посериозно повредено лице,а бројката е околу 42 лица врз кои медецинските служби интервенирале.Дел од туристите исплашени се враќаат со траекти кон своите дестинации.
 
Првично е јавено за почин на две жени, на возраст од 59 и 65 години.
 Лина Balestrieri, 59 години, жителка во Ичија(Ischia), мајка на шест деца и сестра на локален советник.За нејзе првично се известуваше дека настрадала по урнување на дел од локалната црква врз неа.
Втората жртва, е Марилена Romanini, 65 била блокирана откако се срушила куќа во Casamicciola, инаку родена е во Бреша, но живее , во провинцијата Macerata(во Монте Сан Giusto).

Последно вест за земјотресот во Ичија- Италија

Последна вест е за земјотресот од 4.2 степени кој ја погоди Ичија, Италија е две починати лица и 25 повредени.Се јавува и за сериозни повреди на други две лица. Се јавува и за најмалку 9 изчезнати лица.