Ураганот Харви со 215км/сат удри на Тексас четврта категорија на сила

Ураганот Харви силно удри на Тексас
„Оваа бура е моќна, опасна и застрашувачка.“ од порталот ББЦ
палми под налет на ураган Харви во САД
Само неколку дена од затемнувањето во САД на 21 август 2017, силна циклонска активност ,ветер дожд и грмотевици го парализираат животот во Тексас.Авионски летови се во застој или променети, сообраќајот замрен ,а жителите на Корпус Кристи и Рокпорт страотно ја поминале ноќта.
 
Само потсетување дека уште во декември 2016 моите мундани предвидувања за САД не беа поволни.Јавно  се предвидуваа непогоди кои се очекуваат да го погодат САД во август, а пред се заради соларното затемнување. Ова е само  уште една потврда ,дека промената на температурата на земјата и воздухот, а како последица на соларнота еклипса , допринесоа за збирната воздушна резултанта се зголеми и да резултира со ваква активност со опасна ураганска активност. Само дополнување дека оваа радикална воздушна активност , беше забележана и во Бангладеш,Индија и Непал каде се јавува за невидени поплави во изминатите 10 тина години , а се јавува за 1200 загинати лица. Во Непал 150 лица загинати и 90000 домови уништени.Погодени се шест индиски држави, а од поплавите се удавиле најмалку 850 лица.
Уште една силна непогода за само 2-3 дена по затемнувањето и силна бура  преку Тајфунот Хато, го погоди јужна кинеската регија , во близина на Хонг Конг, каде првично се јавува за загинати 12 лица. Се јавуваше и за ретки несреќи со ферибот во близина на Бразил ,свлечиште во Швајцарија со надојдена кал затрупала туристи итн. Тука, воопшто не се ни спомнати сериозни сообраќајни несреќи превртени неколку автобуси итн.
 
 
 
Ураганот Харви силно го тресе Тексас ,а ветровите измерени се до 215 км /сат што го става во четвртата група по сила која е до 251км/сат.
Вчера ураганот Харви го „тресеше“ Корпус Кристи, а околу 22 часот по локално време во наредните неколку сати,ветровите беа со брзина до 130 километри на час.Илјадници жители беа навреме информирани со предупредување и ги напуштија своите домови ,качувајќи се на повисоките коти од градот.
 
Медиумите во САД известуваат дека се работи за најсилна ураганска активност ,уште од пред 13 години кога бурата Чарли ја погоди САД.
 
Експертите очекуваат катастрофални поплави,а моменталната состојба на наврнат дожд е 42 см.
Социјалните мрежи и твитер во живо известуваат и прикажуваат куќи и згради оштетени од оваа силна непогода, а 10000 домови се без напојување на струја.
 
Председателот Доналд Трамп најави доаѓање следната недела на погодените зони ,а неговите твит пораки се за подршка и за добрата организација од интервентните служби.
Не се добри пораките кои стигаат од гувернерот на Тексас кој предупредува дека Харви ќе направи „рекордни поплави“.Погодени се области Рокпорт(Rockport)
каде се оштетени хотел,училиште како и станбена населба за стари лица и во  Грег Абот каде се во тек пријавувања за оштетувања.Палмите од ураганот се виткаат како да се „играчки“ , прозори искршени , метални врати се разнесени од лежиште ,оштетени кровови , а надојдените води ноисат се пред себе . Се советуваа оние кои не сакаат да го напуштат местото , да на раката со пенкало, го напишат нивното име и бројот на социјалното осигорување.
 
Метеоролошката прогноза е со предупредување дека „Харви“ може да продолжи со водни наноси(дожд) до средината на следната недела.Променети се авионските рути , а од детската болница во Дрискол(Корпус Кристи) ургентно се пренесени
најмалку 10 бебиња од интензивна нега во најблиска болница од внатрешноста ,заради закана по нивната безбедност.

Comments

Првите жртви на ураганот Ирма кој е 5 највисока категорија

Ураганот Ирма нанесе големи материјални штети на патеката на движење ,пред се како јавува ЦНН островите Свети Мартин и Свети Бартоломеј јавуваат за смрт на осум лица,,а во Ангвили и Барбуди по едно лице го загуби животот.На патеката на Ирма се наоѓаат Хаити,Доминиканската република и северо-западот од Бахамите и островите Каикос и Туркс.Флорида е со соопштенија за безбедност и алармирање за оваа стихиј ,која со намалена брзина од 210 до 250 км/сат треба да „пристигне“ кон југозападниот крак на Флорида.Статистиките урагонот веќе високо го истакнуваат на прво место по долготрајност на дејство ,а со неговат сила од 5 величина влезен е во листата на топ 10 најсилни урагани.Доколку дојде до опасност да се приближи кон нуклеарнит постројки на САД во Флорида ,најавено е исклучување на нуклеарките кои би биле под закана од оштетување.

Ирма над Порторико

Моментално се известува за 5 најсилна категорија на ураганот Ирма и забележана сила со брзина од 297 км/сат или 185 милји/сат.Северот на Порторико моментално и Британските Девствените острови моментално се на удар.

Ураганот „Ирма“ се заканува со 295 км/сат

Нова закана со циклонска активност кон југозападниот дел на САД и централна америка.Ураганот Ирма е топ вест на порталите и неговата сила која е измерена на петтата највисока скала.Тоа е сериозна закана за крајбрежјето на Барбадос,Порторико,Доминиканска република и Хаити , а се проценува дека и со сила од 4 ќе се доближои до Мајами на Флорида. Никараква,Хондурас,Гватемала и Мексико се во втората зона и кај нив се очекува намален интензитет од ураганот.Ирма е позиционирана засега на 5 место на најсилните урагани во САД одма по Вилма(2005) и Гилберт(1988). Неофициалнои брзината на ураганот Ирма е проценете на 295 км/сат .