Џорџ Александар Луис

 Џорџ Александар Луис е името на новородениот принц, а во јавноста ќе биде познат како неговото Величество принцот Џорџ од Кембриџ.Пред неколку дена во мојот пост за кралското раѓање ја објавив наталната карта на Дарко Панчев,која ја имаше истата ѕвезда на раѓање како и кај британскио принц.Оваа накшатра знае да даде име како Александар и кажав дека може неговото име да е како и мојот син кој исто така се вика Александар(неговата месечината е повторно во Јарец).Ова не го постирав ,од проста причина што не бев сигурен во оваа информација.Но еве после изештајот во фоксњуз јавно е објавено името

слика на џорџ александар луис принцот од Кембриџ

George Alexander Louis.скратено име ГАЛ што може да асоцира со нивните јужни соседи.Ведската астрологија ја третира наталната карта и на звучно ниво(осцилации на 5-те татви),па предвидува фреквенции кои се поврзани со денот часот и минутот на раѓање како на живите битија,така и за настаните,предметите,појавите и сл.Јас ова го имам и медијски презентирано пред десетина години во Тв емисија за астрологија, со изјава за нагласена фреквенција во името на буквата А на анонимна гледачка која чекаше одговор за својот хороскопски знак.Изненадувањето беше двострано кога гледачката изјави дека нејзиното име има три букви А односно А....а...а,што е реткост како прогноза.Техниката за име или слог кој е поволен се користеше при анализа на настанот Евровизија 2004,кога беше испратен нашиот пејач Тоше Проески со песната Life или официално Ангел си ти.Во мојата анализа покрај деталниот опис на пласманот на нашиот представник,се осврнав и на победничкиот рефрен кои слогови треба да ги има. И на изненадување на редакцијата на магазинот ИНА(каде текстот се објави) победничките слогови беа први објавени во Република Македонија па можеби и пошироко ,ако се земе изненадувањето наречено Руслана и нејзината Wild Dance.Оваа техника во Ведската астрологија ќе биде презентирана на семинар за Џотиш ,а детално ќе се изучува доколку има повеќе заинтересирани.Оваа техника е само мал дел од она што го изучува Ведската астрологија-Џотиш.

Comments

кое е презимето на Џорџ Александар Луис?

една интересна информација:
Се уште не е познато средното име односно презиме кое ќе го користи принцот од Кембриџ или официјално Неговото Кралско Височество Принцот Џорџ Кембриџ.Неговоти останати две средни имиња се Александар и Луис.Останува дилемата кое е неговото презиме,кое би го користел при пасошка контрола,а имајќи во предвид дека само кралицата е привилигирана,да не носи пасош кога патува во странство.Ова не важи за останатите членови на кралското семејство.Можеби официјалното презиме Маунтбатен-Виндзор треба да се обелодени,но тоа не е сигурно.Ова презиме би требаше  да го превземат Вилијам и Кејт одма после венчавањето,но истото не беше истакнато од страна на кралското семејство.
Оттука официјално при пасошка контрола би требало да се користи Џорџ Маунтбатен-Виндзор