Геомагнетна бура од умерена втора категорија

Атанасоски на работно место пред компјутерСоларна Бура денес и утре во својот максимален интензитет!
Во почеток на 90-те кога се промовираше ведската астрологија во Македонија, меѓу другото се наметна прашањето: Дали да се прифати како наука ,па во емисија на македонска телевизија, се обидував да го истакнам мислењето дека соларните експлозии ,соларниот ветер зависат од астрономско астролошки поставености и дека со нивна пресметка може многу порано да се планираат активности важни за секојдневното функционирање на сите живи битија. Тоа,подразбира големи заштеди и успешно справување со ова неповолно влијание предизвикано од нашата најблиска астрономска ѕвезда - сонцето.Ова цикличност има закономерност- може да се пресмета,а тоа подразбира и подобро планирање на иднината!сончева засилена активност со  исфрлена плазма
Центарот за информации поврзани со за животната средина во Македонија(нивните служби) ,требаше досега да излезат со соопштение,за јавноста и да се „пресмета“ дали ова влијание може да делува на животните и луѓето ,па додека не помине оваа соларна активност да превземат соодветни мерки.Тоа,подразбира соопштение за сопствениците на кучиња(обавезни корпи и заштита) како и опасните домашни миленици, да се припази во наредниве 3-4дена до 27 март 2019. Селаните треба да  вниимаваат на  стадата животни да не бидат во близина на автопат и порано да се приберат. За вакво соопштение до јавноста, се прави сериозна студија,за да се завземе релевантен став, а вака е само блага сигнализација за граѓаните.Ова активност по последните сознание на НАСА, се движи до Г2 сила ,што не преставува сериозна закана за жителите во регијата на југот на Балканот.Сепак нека се биде повнимателен во сообраќај и од необезбедени животни без заштитна корпа или ремен!
 
повеќе текст за слична активност
 
Што е геомагнетна бура - НАСА 
 
"На површината на Земјата магнетната бура се гледа како на брзиот пад на јачината на магнетното поле на Земјата.“
 
Според американската вселенска агенција НАСА , геомагнетните бури се резултат на соларни честички ,кои со голема брзина удираат на природното магнетно поле на Земјата.Ова се случува доколку овој природен феномен, правецот на исфрлената плазма и соларни честички е во координатен систем со земјата.Магнетното поле при директен судир со овие честици е пробиено и потребно му е најмалку 6 до 12 часови повторно да се поврзе,а неколку дена целосно а да се обнови.Ова зависи од силата на соларната бура.
 
Мали ознака Г1 ,средни Г3 или силни Г5 соларни бури различно делуваат врз работа на  сателитските операции, посебно на сателити кои се послабо заштитени од електричните празнења. Овој соларен ветер кога завршува кон половите на земјата се појавува ефектот на Аурора Бореалис (божилак бои на небото) кое е посебно доживување.
ГНСС систем(глобален навигациски сателитски систем) може да има нарушување во работата ,доколку бурата е со сила Г5.Во тој случај можни се појави на геомагнетски индуцирани струи (GICs) во електричната мрежа и металните цевки.
 
Ваквата соларна зголемена активност, може „посензитивно“ да влијае кај одредени знаци во хороскопот,Терезија,Стрелец,Скорпија,Водолија,Риби и Бик по ведската пресметка на знаците.Во зависност од подзнакот кај нив успехот или потешкотии може да бидат позасилени во однос на останатите хороскопски знаци во зодијакот.Оваа активност е засилена околу пладне денеска и во наредни 2 дена ,но повеќе за појасот на северна америка и Канада ,а за европскиот дел тоа се земјите над 60 латитуда односно најсеверниот Европски дел(Данска,Норвешка,северна Англија,Финска,Исланд итн).