Дрекана поделбена карта Д3

Дрекана Д3
 
Дрекана или треттата поделбена карта најчесто е поврзана со одредување на родените во заедница,односно браќа или сестри (полубраќа и полусестри) постари,близнаци или помлади.Парашара дрекана е широко прифатена на основно ниво кај џуотишите,а тоа подразбира поделбен раси(знак) на три дела односно ,еден хорокопски знак од 30 степени се дели на 3 дела по 10 степени.Постојат и други типови на дрекани(Стандардна Парашара Дрекана Д3 ,Џаганат Дрекана,Париврити траја-три циклусна,Соманата,Парашара- тип Ума Шамбу дрекана итн.)
 
Оваа поделбена карта има истакнато ниво на анализа, кога се проценува силата на јогите во наталот,пред се врската која планетите ја испорачуваат во однос на третините од периодите на дашите.Брз поглед на дрекана картата може да ви даде увид дали планетата која е карака за брат или сестра(со кои се живее во заедница) ќе се исполни во раната (рана-првична фаза) на дашата или во нејзината средина односно во завршетокот.Проценката зависи дали грахата е со вакра(ретро),директно или стационирано позиционирање.Всушност постојат повеќе вида на движење на планетите во Џотишот ,а само спомнативе три се за брза проценка.
Д3 картата може да ја истакне силата на јогите ,а разликата од 180 минути или 3 степени од една до друга дрекана, доведува да планетната светлост се пренесува преку ефект на „инка“ односно приближно влијае на орбис од 20 агловни минути во однос на навамсата Д9 карта.Оваа фина неколку минути разлика ,го пренесува влијанието од темата поврзана со Д3- браќа,сестри и родени во заедница(посвоени,домашни животни,итн) ,на темата Д9-брак ,стапување во ,брачни односи,духовност-религија и општа благосостојба која е поврзана меѓу другото и со Д9 или навамшата.
Парашари Д3 картата го менува знакот  во зодијакот слично како и Д60 (шаштиамсата) ,која произлегува од самата поделба на двете поделни карти.Односно,Д3 има 3 поделби по 10 степени ,па осцилира на 10 на 20 степени и на 30 степени. Д60 или Шаштиамсата која има 60 поделби во едно раси од 30 степени,има побрза осцилација(на секој 30 агловни минути менува знак) ,но во дел од времето взамно осцилира со Д3 карта кога е 10,20 и 30 степен од расито.
Оттука Д1 ,Д3 и Д60 со брз поглед може да се најде силата на јогите односно времето кога тие делуваат во наталната карта.