Цунамито во Индонезија земјотрес и авионски несреќи предвидено

Цунами,земјотрес,авионски несреќи,авионска несреќа,

Пријателите ме „подсетуваат“ за моите постари предвидувања(натални карти,мундани за светот и Македонија,годишни хороскопи на државите  и анализи )да ги изнесам повторно пред јавноста(за да не се заборават) .Овие предвидувања се објавени во јавните,гласила,(медиуми),во најпрестижните весници и магазини во Република Македонија,а дел од нив и во светот.Некои предвидувања се објавени и на форумите за астрологија и познати се само на професионалните астролози или љубители на астрологијата.Некои од нив се објавени на странски форуми,па затоа нашата Македонска јавност не е ни запознаена со нив.Овие предвидувања кога се набљудуваат(третираат) од една временска дистанца,може реално да се оценат како од самите професионални ведски астролози,така и од широката публика.Јас во поголем дел од моите предвидувања,не сум ги коментирал или реобјавувал кога истите биле во фокусот на внимание,оставајќи и на самата публика или професионалните новинари ,самите да одлучат,дали да ја објават интересната за нив вест-астролошко предвидување.Најчесто дел од моите објавени најквалитетни предвидувања малку допреле до јавноста,во Република Македонија.Често пати сум се трудел и предвидувањето воопшто да не го коментирам во јавноста,кога е веќе објавено а настанот се случил.Неколкупати имам одбиено интервју по повод предвидениот настан,оценувајќи дека не е време истиот да го коментирам.

изглед на населено место после удар на цунами

Доколку сум дал некаков коментар тоа најчесто било формулирано,дека немам дополнителна изјава,која веќе не е напишана во самиот текст,а во него се говори и за идните предвидувања кои ќе треба да следат, после веќе предвидениот настан.

Еве после скоро девет години за јавноста споделувам неколку предвидувања кои се покажаа како коректни,иако истите „својата сила“ , ја имаа во 2004 декември,кога светската јавност со месеци известуваше за овие настани како топ тема на мундан план.

Овој пост е насловен со „Цунамито во Индонезија земјотрес и авионски несреќи“- за да се зачуваат и соодветно третираат.Објавените коментари на астролозите на форумот,кои во не ја сокриваа својата воодушевеност истите да ги пофалат како реткост која е невидена на Балканот па и во светот!Искрено сум и благодарен за подршката и како милувам најчесто да одговорам,на пофалбите дека оној што знае да пофали и истакне заслужува ист третман како и астрологот кој го предвидел настанот.Па и на самите форуми откако моите предвидувања се покажале коректни не сум коментирал дополнително,а доколку ми се обрателе астролози кои изразувале желба да научат ,како сум ги предвидел настаните,со почит кон нив сум се обраќал лично на нивниот приватен мејл,за да знаењето допре само до нив ,но не и до оние кои не го заслужуваат!

Малкумина знаат дека мојот псевдоним на форумите се води атан(скратено од Атанасоски) ,а понекојпат е и целото презиме Атанасоски или заедно името и презимето Симеон Атанасоски.

Подолу се трите линка од пост на форум за астрологија во кој се објавени моите предвидувања;  со дадени денови Што ќе се случи,Каде ќе се случи и Кога ќе се случи.Само како доближување на коректните предвидувања следат соодветни фото исечоци за потврда на настаните.

предвиден земјотрес во Јапан

предвидени авионски падови 

предвиден појасот на Индонезија(најкатастрофалниот период декември 2004 ,земјотрес преку 7 рихтер-Цунами,човечки загуби)

потврда за авионските несреќи

потврда на авионски паѓања несреќи декември 2004

AttachmentSize
predviden-zemjotres-tsunami-na-forum-za-astrologija-2004.jpg154.23 KB
predviden-avionski-nesrekji-na-forum-za-astrologija-2004.jpg123.68 KB
predviden-zemjotres-na-forum-za-astrologija-2004.jpg140.65 KB
cunami-japan-izgled-na-naseleno-mesto-po-nastanot.jpg20.88 KB