Беси Смит Блуз со огнени Лав и месечина

Беси Смит во црвена црна позадина плакат филм Bessie

Биографскиот телевизиски филм BESSIE (2015) за познатата афро-американка блуз пејачка Беси Смит(Bessie Smith) е препорака да го погледнете.Неосетно поминати 112 минути со едноставност и филмска мајсторија да се проникне во душата на оваа позната блуз дива.

Актерката Queen Latifah која ја глуми Беси Смит , може да се надева на филмски признанија за нејзината улога во овој одличен филм. Блуз пејачката Беси Смит во ведската астрологија е преставена со егзалтирано Сонце во Овен(мулатрикона сила) и Месечина во Лав.Сатурн венера аспектот во Д9 и Месечината во Бик , ја дава нејзината професионална определба и талент за пеење.Јупитер(Гуру) од Чандра Лагна е во 10 поле во Вришаба(Бик) , па ја нагласува Гаџа Кешари јога , а истата дава сила на наталната карта и успех доколку е поврзана со подзнакот. Основно влијание на оваа позитивна јога према ,слоките на Парашара е нагласен јавен успех, познатост и богатство ,напредок во животот како движење на „слон-Гаџа“ цврсто и стабилно и храбро како Лав-Кешари. Оваа јога се манифестира во целост , доколку е слободна од негативно влијание на аспект или малефично друштво.Се разбира дека оваа јога дава сразмерна сила од неколку проценти до полн ефект,а во зависност дали е поврзана со подзнакот или месечината , дали добива или губи светлост од останатите планети , дали има добра карма со мајка или по женска линија итн.

Интересно е да се спомне дека скоро истиот аспект на марс и Гаџа кешари јога е во наталот кај главната глумица во филмот Queen Latifah(Беси Смит) , позната по номинација за Оскар 2002(споредна улога) во филмот Чикаго ,но и во мини тв серијата Life Support (златен глобус) во 2008 ,Hairspray ,The Secret life of Bees , за глас на Ели во Ice Age-The Meltdown Глумица Квин Латифа заедно со мамут  . Оттука е јасна астро слика на нејзината експлозивна и драматична природа (двете светла се во огнен знак) и потреба да биде во центарот на вниманието.Лавот е знак на владеење и управување и може да е во „сенка“ на другите лица едно време, но се додека не дојде до своите 5 минути за успех и ја искористи својата сила.Тоа подразбира „до крај“ ,кога треба да се бориш за вниманиее на другите,бидејќи знакот е со кшатриска-војничка природа.Оттука, е јасна нејзината (драматична) одбрана на своите гости при еден нејзин концерт ,против група од ККК кланот(насилна група расно ориентирано против црнците).Лавот и овенот се храбри знаци и кога ќе се „запалат“ не размислуваат за последиците.Повредата и лузна на главата ја добива на почеток на кариерата, а „вината“ треба а се побара во марс кендра аспект на сонце во знакот кој владее со главата овен(меша) и осмиот аспект кон месечината.

ИМБ оценка 6.8