Новата гувернерка на Народна банка на Македонија

анита бежоска гувернер на нрбм малаАнита Ангеловска Бежоска која е актуелен вице гувернер избрана за прва жена гувернер на НБРМ во наредните седум години(2018-2025).Претходно осум години г-ѓа Бежоска ,беше на работното место вицегувернер на НБМ. 
 
Дата на раѓање:5.11.1971 год. место на раѓање Гетеборг, Шведска Семејно: мажена, три деца /извор нбм веб сајт
Образование:2015  година докторска дисертација на Економскиот факултет во Љубљана, Словенија, одбрана и одбранета тема „Координација на монетарната и фискалната политика во Република Македонија“ 
 
Сонце Терезија
Месечина Бик
нагласени хороскопски полиња на Скорпија и Јарец
 
Брза астролошка проценка, за Анита Ангеловска Бежоска новата гувернерка на Република Македонија е практична и конзервативна во пристап(Бик,Скорпија,Јарец) ,но и заради  Сонцето во Терезија ,можна е да се јави несигурност во соработка со одредени институции ,доколку нема прецизни процедури пред се економско политички.Само докулку нејзиниот тим, изгради прецизно временски детерминирани и јавно објавени процедури за време на големи флуктации во економијата ,граѓаните на Република Македонија може да бидат задоволни од изборот за новиот гувернер.
 
Тоа подразбира дека банкарите во Македонија може да очекуваат релативно стабилна монетарна политика, но со акцент на нестабилност во месеците ноември декември 2018 и пред се април-мај 2019 ,а предизвикано од неповолните транзити над сонцето и оската на бик-шкорпија која во наталната карта на Македонија е поврзано со второто(финансии) и осмото поле(банкарски сектор,државни финансии,каматна политика).
Последната недела од октомври 2018 може да биде вовед во промена која преку банкарскиот сектор ќе се иницира до новата гувернерка ,а сериозен предизвик за монетарната политика е околу 9 и после 20 ноември 2018 ,за да 6 кон 7 декември мобилниот телефон на г-ѓа Бежоска, ќе му треба „полнење„ заради зголемениот интерес за нејзина изјава поврзана со политиката на Народната Банка.Некои шпекулативни информации во јавноста,новата гувернерка ќе треба да ги објасни на јавноста.Може нејзина мала неподготвеност околу 19 декември или некординираност со нејзиниот тим, да има несоодветна изјава за јавноста, па медиите ќе цитираат нејзин став ,кој различно ќе го толкуваат економските стручњаци.Сите да  и посакаме стабилна монетарна политика ,во периодот што не очекува.
гувернерката анита бежоска со 2000 денарки книжни
Што се однесува до народните избраници во парламентот ќе биде изненадување,мирно да го изгласаат буџетот за 2019 ,па овој избор на гувернер може да создава „напнатост“ во периодот декември-јануари и март-мај во наредните години.Но ова е  повеќе на ниво на парламент и политиките на банкарскиот сектор,отколку кај управата на НБМ. На ова се надоврзува и транзитот на сатурн во 9 поле во наталната карта на  РМ(закони,законодавен дом,имплементации на европски закони) и 10 поле кое е поврзано со собранието на РМ ,па „сликата“ е комплетна.
Во следната година голем предизвик првата гувернерка на НБМ може да го има на самиот старт од 4-6 јануари 2019 ,а причина меѓународни монетарни трендови и внатрешна економска политика.Овој период не и е поволен и треба да биде претпазлива. 
 
Генерална оценка за нејзината практична и теоретска стручност,ќе се види во посочените периоди.Квалитет кај нејзиниот знак се лојалност и постојаност на поставени цели и стабилни „чекори“ на поставени планови за реализација ,но слабост е недоволна координираност кога нема прецизни процедури за делување што се покажува како слабост, кога политиката е над економијата.Ние како држава немаме прецизни алгоритми,да ги измерат влијанијата во монетарната сфера(загуби или добивки) кои заради „доцнење“ на одлуки(влада,парламент или нбм) влијаат на макроекономските политики односно на курсот на денарот.

Comments

Беж боја на Терезијата кај новата гувернерка

Астролошки Анита Бежоска е Бик Терезија ,па интересен податок е нејзиното презиме Бежоска (беж-боја).Оваа боја во ведската астрологија е поврзана со Терезијата и Лавот ,а бидејќи е во пастелната гама на бои .одговара и на нејзиниот месечев знак Бик.Астро бои за нејзините знаци, се црна и бела,беж можеби и сива-сребрена.

гувернерката бежоска на работно место