Многу,Многу емотивна „ѕвездичка“

ели мала слика со гитара на плоштад пееЕјли Шерлок(Allie Sherlock) 7 април 2005 ,позната преку вирални видеа после улични музички перформанси со нејзината гитара и карактеристичен „засипнат“ вокал со голем распон.Ја запазив ,откако ,ја слушнав нејзината улична изведба со гитара, на овогодишната победничка песна на Оскарите „Shallow“ . Но, повторно денес слушајќи ја Проуд на Тамара и екипата, повторно на „клик“ се појави од некаде малата Ели. И ништо не е случајно.... првиот пат,како и пред еден месец ги погледнав нејзините податоци(без сат на раѓање),....и се забележуваше она што јас го нарекувам паднато „ангелче“ на земјата. Нагласени двојни знаци,пред се риби ,силен јупитер во паривартана јога,како владател на Сончева и месечева диспозиција,Венера и Марс егзалтирани.Упорна заради марс(победник) ,прилагодлива и социјална заради водените грахи (брамански учител преку глас) Риби и ...емотивност која за мене е „сфумато вибрато“ и пренос на радост и тага дирекно и непосредно.Интересно е што препеаната песна, што се врти на youtube каналот (Shallow) ,односно не толку познатата Stefani Joanne Angelina Germanotta - која ја знаеме како Леди Гага, го има во ист хороскопски знак Сонцето - во Риби. Без нејзиниот сат на раѓање, ова е само потенцијал,и не дава целосен увид на иднината,како дијамант кој треба да се избруси,но сепак,решив да ја постирам нејзината натална на мојот блог. Треба да се спомне дека нејзините јавни настапи ги забележа Елен де Џенерис сонце-Јарец, Месечина-Рак(водител во познато САД, Тв шоу ),со мала контраверза.Поканата беше за 2017,но се појави на 30 јануари 2018.Повторно двојство!Ели Шерлок голема слика на плоштад

Посебно ,за нејзиниот двоен знак,Риби ми остави впечаток кога при едно нејзино пеење на плоштад, од публика се појавија како маѓепсани две мали девојчиња,што е понекојпат знак за талент кој ветува! Ова само за нејзиниот знак! 

Во годините кои престојат,ќе се забележи двојното присуство, во повеќе детали од нејзината кариера(име,наслов на песна ,повторување по 2 или 4 исти букви...итн). на мојот ФБ профил линковите и погледнете ги малите девојчиња,како магнетно ја следат во последната третина од пеењето на талентираната Ели Шерлок.

мало предвидување : Бидејќи нејзината поволна планета Јупитер е во транзит на 10 поле од сонцето и месечината, а тука е и Сатурн може да се очекува мал пробив во јавноста надвор од Ирска(нејзин роден град е Корк - Ирска),а тоа доведува до успех во наредниве 2-3 години иако е релативно млада со години.10 -то поле во хороскопот е и татко,па оттука нејзиниот татко ,ќе биде понаметлив да успее во полето на нејзината музичка кариера,но и принуден да биде одвоен на моменти од неа! Од утре 7 април и стартува со 15 тиот роденден. Нејзиното искуство со Елен ДеЏенерис ,која ја подготвила за Шоуто „мајчински“ како Рак ,може да се види од изјавата: "Апсолутно ја сакав нејзината претстава и беше толку пријатна и пријателска, и бев навистина нервозна и за време на паузата ми велеше да се смирам и таа беше толку пријатна за тоа што го направи сè беше многу полесно". Нејзината изведба во шоуто со песната на познатата Адел (Adele - Million Years) ,ги дигна на нозе гостите во шоуто.

Поканета на Шоу за 2017 =2+0+1+7 =збирно 1(не е парен број) пристана на Шоуто 30/1/2018 = збирно 6 (парен двоен знак),но и годината е 2018 (збирна 2 парна двојна бројка)

спомнати:
Аделе 5/5/88 родена (две петки две осмици)
Чарли Пут 1/12/1991 збирно 6 ,сонце Скорпија
па и двапати Ејли и Елен Деџенерис